Чартер Аранжмани (Анталија & Бодрум)

ЦЕНИТЕ ЗА ХОТЕЛИТЕ СЕ НА БАРАЊЕ (за резервации обратете се до агенцијата)

ТУРЦИЈА • АНТАЛИЈА

Луксуз, раскош, беспрекорно испланирани „All Inclusive“ концепти во одлични хотелски комплекси со разновидни содржини, изразени природни контрасти, мистиката на Ориентот…Ова е дел од адутите на Турската Ривиера.
Со години наназад Турција важи за една дестинација со можеби најобемен избор на квалитетни хотели и традиционална одлична услуга, поради што со право е меѓу најбараните и најатрактивните дестинации во регионот. Доколку сте во онаа категорија на туристи кои преферираат хотели со разновидни и богати содржини, сместени на долги, песочни плажи – Ви препорачуваме летување во Аланија, Лара, Сиде, Белек или Кемер – Изборот на хотели е огромен а цените и условите за резервација најдобри!
ТУРЦИЈА • БОДРУМ

Бодрум – елегантен, луксузен и модерен приморски туристички центар, а истовремено град со долга историја и традиција. Лоциран на истоимениот полуостров, Бодрум е вистински бисер на турската егејска обала која се карактеризира со пријатна мека клима, кристално море, рајски плажи во заливи, брдовит зелен брег со голем број на прекрасни хотели по сечиј вкус. А на забавата и ноќниот живот овде им нема крај. Побарајте ја Вашата понуда, со или без авионски превоз.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија & Бодрум– Скопје.

» Аеродромски такси.

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.

» Организација на програмата.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

» Задолжително здравствено патничко осигурување.

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.

» За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување