Вила “Zorbas” се наоѓа на сама плажа во центарот на Неа Флогита. Вилата располага со апартмани со една спална /2+2/, две легла во кујната и брачен кревет во спалната, долга и тесна тераса со страничен поглед кон паркот и рестораните пред плажата, просторна кујна со трепезариска маса на II кат. Дуплекс апартман /4+2/ со две одделни спални соби со директен поглед кон плажа и море со голема кујна со трепезариска маса, клуб масичка и голема аголна тераса кон море на II кат. Апартманите се комплетно опремени со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер..), тоалет, туш, балкон (масичка со столчиња), телевизор, гардеробер, клима (со доплата 5€ на лице место), како и бесплатен интернет. Апартманите се наоѓаат на II кат

10%  попуст за уплата до 01.03.23 |  5%  попуст за уплата до 01.04.23

 

НАПОМЕНА

  • –  Цените се дадени по лице за 7 ноќи 8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице во апартман со една спална /2+2/ и 5-то и 6-то лице во дуплекс апартман /4+2/ – БЕСПЛАТНО сместување;
  • –  Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;
  • –  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • –  Во апартман со една спална кај термините со превоз, плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
  • –  Во дуплекс апартман со две одделни спални, плаќаат минимум 4 лица | 5-то и 6-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
  • –  Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
  • –  Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
  • –  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
  • –  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • –  Организиран превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Гевгелија;
  • –  Превозот ги остава/зема патниците на 20м од вилата;
  • –  Wi-Fi интернет и клима – БЕСПЛАТНО!!
  • –  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • –  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
  • –  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
  • –  Доплата за туристичка такса  0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);
  • –  Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
  • –  Доплата за патничко осигурување.

Автобуски превоз НЕА ФЛОГИТА, според термини од табелата Патни Информации
 Град на поаѓање Mесто на поаѓање  Време на поаѓање
 Куманово: (бензинска Макпетрол – автопат)  04:15h 
 Скопје: (паркинг пред VIP хотел наспроти саем) 05:00h
 Штип: (паркинг пред нова пошта) 05:00h
 Велес: (бензинска Макоил, мотел Македонија)  05:45h
 Неготино: (бензинска, Макпетрол)  06:15h
 Г.П. Богородица: (бензинска, Oкта / Богородица) 07:00h
 Поаѓање од Неа Флогита:    15:30 по МК време / 16:30 по ГР време (20м од вилата)



Error: Contact form not found.