Вила Вергина се наоѓа на 50м оддалеченост од плажа, во мирниот дел на Ханиоти во близина на бич барот Молос( 200 метри). До најблиската плажа води мала патека која е веднаш до вилата. За лицата кои патуваат со сопствен превоз: внатрешен паркинг нема, се паркира на самата улица.Вилата располага со двокреветни и трокреветни соби на спрат, четворокреветни студија на спрат, четворокреветни мазонети на приземје и апартмани за 4 лица лоцирани на прв кат.Сите соби и студија се опремени со мини кујни со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, клима без доплата, ТВ, балкон и  wi-fi ( почнувајќи од 01.06.2019) 

-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И 50% УПЛАТЕНИ ДО 31.03.2021

На ПРОМО цените не следува попуст за 2 последователни термина и попуст за рана уплата

– Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Ханиоти чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја Недела)

  • Скопје (Дрводекор) – 35еур по лице
  • Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 40еур по лице
  • Струмица (БП Макпетрол кај нов кружен тек)-Трансфер до Удово – 40еур по лице
  • Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35еур по лице
  • Удово (бензинска пумпа Удово) – 35еур по лице
  • Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35еур по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:

  • Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон – 30еур по лице
  • Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола – 30еур по лице
  • Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола – 35еур по лице
  • Кичево (БП Пуцко Петрол) Трансфер до Битола – 35еур
  • Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 35еур по лице
  • Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 30еур по лице
  • Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена за Скопје и 15еур за Битола и Прилеп
  • Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште
  • Возрасно лице над 63год – 10еур попуст
  • Агенцијата го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70%   

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

  • *За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст(овој попуст не е важечки за промо термините)
  • *Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во легло со родител
  • *Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
  • *Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
  • *Важат Општите услови на СКТМ
[contact-form-7 id="1325" title="Contact Form"]