Вила “VANGELIS” се наоѓа на 150m од плажа, веднаш до хотел “Eleni” под главиот пат и пругата во центар на Лептокарија. Располага со двокреветни и трокреветни студија, апартман со една спална за 5 лица и дуплекс апартман со две одделни спални соби за 5 лица. Во двокреветните студија има 2 единечни легла и се наоѓаат на високо приземје и први кат, во трокреветните има еден брачен и еден единечен кревет на први кат, во апартманот со една спална има еден брачен во спалната, и еден брачен и еден единечен во кујната. Овој апартман се наоѓа на високо приземје, додека во дуплекс апартманот со две одделни спални соби има три единечни во едната спална и две единечни во другата спална и дневна со кујна. Сите студија/апартмани се комплетно опремени со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер…), тоалет, огледало, туш, балкон (масичка со столчиња), клима, ТV, гардеробер. На располагање на гостите е бесплатен  интернет и прекрасно уредени двор со парк кој ги воодушевува сите кои случајно или намерно минуваат покрај вилата.  Ви посакуваме пријатен престој.

 EARLY BOOKING – Лето 2024 

10% попуст за целосна уплата до 01.02.24   |  5% попуст за целосна уплата до 01.03.24

“VANGELIS”
Лептокарија
термин МАЈЈУНИЈУЛИАВГУСТСЕПТЕМВРИ
19260209162330071421280411182501081522
бр. ноќи 7777777 *7 *7 *7 *7 *7 *7 *777777
1/2 студио809511012014016027030033033033033033017015013012010080
1/3 студио8510512013015017030033036036036036036018016015013011090
АПТ /3+2/ (со 1 спална)100120140150180200390430490490490490490210180170140120100
Дуплекс АПТ /3+2/70 85951051151354605005755755755755751451351151059570
опис на ценовникотцени по лице со превоз цени за наем без превозцени по лице со превоз

НАПОМЕНА

  • –  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во студио, 5-то лице во апартман – БЕСПЛАТНО сместување;
  • –  Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;
  • –  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • –  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • –  Во студио и апартман со една спална, плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице во Студио и 3-то, 4-то и 5-то лице во АПТ со една спална се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
  • –  Во дуплекс апартман со две одделни спални, плаќаат минимум 4 лица | 5-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз;
  • –  Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
  • –  Поради генерално чистење на студијата/апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
  • –  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
  • –  Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
  • –  Автобусот ги остава/зема патниците на 10m од вилата.
  • –  Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО!!
  • –  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот и последниот термин.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • –  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
  • –  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
  • –  Доплата за туристичка такса – 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект при сместување);
  • –  Доплата за клима – 7€ од ден на лице место;
  • –  Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
  • –  Доплата за патничко осигурување.

Автобуски превоз ЛЕПТОКАРИЈА, според термини од табелатаПатни Информации
 Град на поаѓање Mесто на поаѓање  Време на поаѓањеСкопје – Лептокарија (300km)
 Куманово: (бензинска Макпетрол – автопат)04:15h Скопје – Катерини – Лептокарија

 Автопат (Е75)  Трошоци во еден правец:
 Патaрини во Македонија (430ден)
 Патарини во Грција (7.10€)
 Скопје: (паркинг пред VIP хотел)05:00h
 Штип: (паркинг пред нова пошта)05:00h
 Велес: (бензинска, мотел Македонија) 05:45h
 Неготино: (бензинска, Макпетрол)06:15h
 Г.П. Богородица: (бензинска, Oкта / Богородица)07:00h
 Поаѓање од Лептокарија:                      15:20 по МК време / 16:20 по ГР време (веднаш зад вилата)