Вила “VANGELIS” се наоѓа на 150m од плажа, веднаш до хотел “Eleni” во Лептокарија. Располага со двокреветни и трокреветни студија.. апартман со една спална за 5 лица и дуплекс апартман со две одделни спални соби за 5 лица. Во двокреветните студија има 2 единечни легла, во трокреветните има еден брачен и еден единечен, во апартманот со една спална има еден брачен во спалната, а еден брачен и еден единечен во кујната, додека во дуплекс апартманот има три единечни во едната спална и две единечни во другата. Сите студија/апартмани се комплетно опремени со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер…), тоалет, огледало, туш, балкон (масичка со столчиња), клима, ТV, гардеробер. На располагање на гостите е бесплатен интернет. Студијата и апартмани се на високо приземје и први кат. Прекрасно уредениот двор ги воодушевува сите кои случајно или намерно минуваат покрај вилата.
ПОПУСТ ЗА РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
10% попуст за целосна уплата до 01.03.23 | 5% попуст за целосна уплата до 01.04.23

НАПОМЕНА
- – Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во студио, 5-то лице во апартман – БЕСПЛАТНО сместување;
- – Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;
- – Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- – При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- – Во студио и апартман со една спална, плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице во Студио и 3-то, 4-то и 5-то лице во АПТ со една спална се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
- – Во дуплекс апартман со две одделни спални, плаќаат минимум 4 лица | 5-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз;
- – Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
- – Поради генерално чистење на студијата/апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
- – Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
- – Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
- – Автобусот ги остава/зема патниците на 10m од вилата.
- – Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО!!
- – Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот и последниот термин.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- – За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
- – За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
- – Доплата за туристичка такса – 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект при сместување);
- – Доплата за клима – 5€ од ден на лице место;
- – Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
- – Доплата за патничко осигурување.
Автобуски превоз ЛЕПТОКАРИЈА, според термини од табелата | Патни Информации | |
Град на поаѓање | Mесто на поаѓање | Време на поаѓање |
Куманово: | (бензинска Макпетрол – автопат) | 04:15h |
Скопје: | (паркинг пред VIP хотел) | 05:00h |
Штип: | (паркинг пред нова пошта) | 05:00h |
Велес: | (бензинска, мотел Македонија) | 05:45h |
Неготино: | (бензинска, Макпетрол) | 06:15h |
Г.П. Богородица: | (бензинска, Oкта / Богородица) | 07:00h |
Поаѓање од Лептокарија: | 15:20 по МК време / 16:20 по ГР време (веднаш зад вилата) |
Error: Contact form not found.