- NOMAD - https://nomadtravel.mk -

Villa Tzouli I – Јерисос

BLACK FRIDAY (24.11.2023-27.11.2023)
попуст – 30 % за целосна уплата
 

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.

Куќа “Tzouli 1” се наоѓа на одлична местоположба, на само 80 метри од прекрасната песочна плажа. Капацитетите се над медицинската ординација IATPEIO, спроти caffe bar ‘Public’. Целата вила располага со вкупно 6 сместувачки единици (од кои 5 капацитети се во нашата понуда ).

Апартманите и студијата се опремени со постар, но пристоен мебел, сопствени тоалети, целосно опремени големи кујни, маси и столови на секоја тераса како и во секоја кујна внатре. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Веднаш до вилата има паркинг (не е сопствен).

Дуплексот број 1 и апартманите број 2 и 3 се на прв кат над ординацијата со големи тераси, а студијата број 4, 5 и 6 се едно до друго на високо приземје зад ординацијата со сопствен уреден и заграден заеднички двор со маси, столови и чадори за сонце за секое студио посебно.

Дуплекс апартман број 1 (1/5) – простран дуплекс апартман со 1 стандарден + француски кревет во една спална соба, 1+1 стандардни единечни кревети (споени) во друга спална соба и посебна дневна соба со целосно опремена кујна и фотеља. Има 2 тераси: една голема споена со дневна и едната спална и друга помала од другата спална соба. Терасите имаат поглед на улица со лимитиран поглед море.

Апартман број 2 (1/5) –  1+1 стандардни единечни кревети (споени) во спална и 1 стандарден + софа на извлекување (со големина на француски лежај) во дневна соба споена со кујна. Од двете простории се излегува на заедничка голема тераса  со поглед на улица.

Апарман број 3 (1/5) – 1+1 стандардни единечни кревети (споени) во спална и 1 стандарден + софа на извлекување (со големина на француски лежај) во дневна соба споена со кујна. Сопствен тоалет со туш. Од двете простории се излегува на заедничка голема тераса која е со поглед позади во дворот.

1/2 + 1 студио број 4 – 2 единечни стандардни кревети + дополнително помошно легло.

1/2 + 2 студио број 5 – брачен кревет + кревети на спрат.

1/3 + 1 студио број – брачен кревет + еден стандарден кревет и кревет на извлекување.

1. Вонсезонски цени

ТерминНоќевања Студио (бр. 4,5 и 6) 
задолжително плаќаат 2 лица
1/5 дуплекс апартман (бр.1) 
задолжително плаќаат 4 лица
1/5 апартман (бр.3) 
задолжително плаќаат 3 лица
 1/5 апартман (бр.2) 
задолжително плаќаат 3 лица
26/05-02/06789697989
02/06-09/067109798999
09/06-16/067139109119129
16/06-23/067169129149159
23/06-30/067179139159169

* цена по лице со вклучен превоз

                 2. Сезонски цени

ТерминНоќевања Студио (бр. 45 и 6)1/5 апартман (бр. 3)1/апартман (бр. 2)1/5 дуплекс апартман (бр. 1)
30/06-07/077409479529599
07/07-14/077429499569649
14/07-21/077449539599689
21/07-28/077449539599689
28/07-04/087449539599689
04/0811/087449539599689
11/0818/087449539599689
18/0825/087449539599689
25/0801/097439519579669

  * цена за наем на дуплекс апартман, апартман или студио

3. Вонсезонски цени

ТерминНоќевања Студио (бр. 4,5 и 6)
 задолжително плаќаат 2 лица
1/5 дуплекс апартман (бр.1) 
задолжително плаќаат 4 лица
1/5 апартман (бр.3) 
задолжително плаќаат 3 лица
1/5 апартман (бр.2) 
задолжително плаќаат 3 лица
01/0908/097179129139149
08/0915/097139109119129
15/0922/0971198999109
22/0929/09789697989

* цена по лице со вклучен превоз

Напомени и услови: