BLACK FRIDAY (24.11.2023-27.11.2023)
попуст – 30 % за целосна уплата
 

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.

Куќа “Tzouli 1” се наоѓа на одлична местоположба, на само 80 метри од прекрасната песочна плажа. Капацитетите се над медицинската ординација IATPEIO, спроти caffe bar ‘Public’. Целата вила располага со вкупно 6 сместувачки единици (од кои 5 капацитети се во нашата понуда ).

Апартманите и студијата се опремени со постар, но пристоен мебел, сопствени тоалети, целосно опремени големи кујни, маси и столови на секоја тераса како и во секоја кујна внатре. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Веднаш до вилата има паркинг (не е сопствен).

Дуплексот број 1 и апартманите број 2 и 3 се на прв кат над ординацијата со големи тераси, а студијата број 4, 5 и 6 се едно до друго на високо приземје зад ординацијата со сопствен уреден и заграден заеднички двор со маси, столови и чадори за сонце за секое студио посебно.

Дуплекс апартман број 1 (1/5) – простран дуплекс апартман со 1 стандарден + француски кревет во една спална соба, 1+1 стандардни единечни кревети (споени) во друга спална соба и посебна дневна соба со целосно опремена кујна и фотеља. Има 2 тераси: една голема споена со дневна и едната спална и друга помала од другата спална соба. Терасите имаат поглед на улица со лимитиран поглед море.

Апартман број 2 (1/5) –  1+1 стандардни единечни кревети (споени) во спална и 1 стандарден + софа на извлекување (со големина на француски лежај) во дневна соба споена со кујна. Од двете простории се излегува на заедничка голема тераса  со поглед на улица.

Апарман број 3 (1/5) – 1+1 стандардни единечни кревети (споени) во спална и 1 стандарден + софа на извлекување (со големина на француски лежај) во дневна соба споена со кујна. Сопствен тоалет со туш. Од двете простории се излегува на заедничка голема тераса која е со поглед позади во дворот.

1/2 + 1 студио број 4 – 2 единечни стандардни кревети + дополнително помошно легло.

1/2 + 2 студио број 5 – брачен кревет + кревети на спрат.

1/3 + 1 студио број – брачен кревет + еден стандарден кревет и кревет на извлекување.

1. Вонсезонски цени

ТерминНоќевања Студио (бр. 4,5 и 6) 
задолжително плаќаат 2 лица
1/5 дуплекс апартман (бр.1) 
задолжително плаќаат 4 лица
1/5 апартман (бр.3) 
задолжително плаќаат 3 лица
 1/5 апартман (бр.2) 
задолжително плаќаат 3 лица
26/05-02/06789697989
02/06-09/067109798999
09/06-16/067139109119129
16/06-23/067169129149159
23/06-30/067179139159169

* цена по лице со вклучен превоз

                 2. Сезонски цени

ТерминНоќевања Студио (бр. 45 и 6)1/5 апартман (бр. 3)1/апартман (бр. 2)1/5 дуплекс апартман (бр. 1)
30/06-07/077409479529599
07/07-14/077429499569649
14/07-21/077449539599689
21/07-28/077449539599689
28/07-04/087449539599689
04/0811/087449539599689
11/0818/087449539599689
18/0825/087449539599689
25/0801/097439519579669

  * цена за наем на дуплекс апартман, апартман или студио

3. Вонсезонски цени

ТерминНоќевања Студио (бр. 4,5 и 6)
 задолжително плаќаат 2 лица
1/5 дуплекс апартман (бр.1) 
задолжително плаќаат 4 лица
1/5 апартман (бр.3) 
задолжително плаќаат 3 лица
1/5 апартман (бр.2) 
задолжително плаќаат 3 лица
01/0908/097179129139149
08/0915/097139109119129
15/0922/0971198999109
22/0929/09789697989

* цена по лице со вклучен превоз

Напомени и услови:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
  • За сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ.
  • Во вонсезонските цени во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, а плаќа само превоз доколку користи;
  • Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 3 лица а во дуплекс апартман 4 лица | 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз доколку користат;
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА студио, апартман или дуплекс апартман ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во истиот, без вклучен превоз, а превозот се доплаќа:
  • За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
  • За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2.170 мкд. (35 евра)
  • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. TA НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.