Вила Теа се наоѓа на прекрасна локација меѓу шеталиштето и плаѓата во Калитеа, на левата страна од главната улица која води до Полихроно. Вилата се состои од 2+1 студија и 1/3+1 студија. Сите нејзини соби гледаат кон море и се лоцирани на приземје или прв спрат. Паркинг е дозволен пред самата вила но не е препорачливо бидејќи на 30м од вилата има место за паркинг на самата улица и е бесплатен.Наспроти вилата има продавници, ресторани, гиро, голем маркет Мазутис, фурна, продавници за сувенири, бунди, бижутерии и летна опрема.
Студијата 2+1 имаат капацитет за 2 возрасни лица + 1 дете, и одредени соби можат да примат 3 возрасни лица, но да се има во предвид дека спaлното легло е со помали мерки. Студијата располагаат со едноспално легло со помали мерки на кој би спиеле возрасен и дете и едно единечно регуларно легло, мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, балкон со поглед на море, клима без доплата, ТВ и wi-fi.
Трокреветните студија имаат 3 легла, т.е едно поголемо во мерки од стандардно 90см легло, и две стандардни легла. Капацитетот на овие студија е 3 возрасни лица или 2 возрасни со 2 деца од кој едното спие со родител на поголемото легло.Сите студија имаат балкон со поглед на море, сопствен тоалет, мини кујна со прибор за готвење и јадење, плазма тв, клима и wi-fi.
-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И 50% УПЛАТЕНИ ДО 31.03.2021
На ПРОМО цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација

- – Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
- Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Калитеа чини:
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја Недела)
- Скопје (Дрводекор) – 35еур по лице
- Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 40еур по лице
- Струмица (БП Макпетрол кај нов кружен тек)-Трансфер до Удово – 40еур по лице
- Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35еур по лице
- Удово (бензинска пумпа Удово) – 35еур по лице
- Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35еур по лице
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:
- Битола -Автобуска станица Транскоп – на перон– 30еур по лице
- Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола – 30еур по лице
- Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола – 35еур по лице
- Кичево (БП Пуцко Петрол) Трансфер до Битола – 35еур
- Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 35еур по лице
- Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 30 еур по лице
- Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена за Скопје, 15еур за Битола и Прилеп
- Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште
- Возрасно лице над 63год – попуст од 10еур
- Агенцијата го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70%
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ
- *За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст (овој попуст не е важечки за промо термините)
- *Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во легло со родител
- *Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
- *Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
- *Важат Општите услови на СКТМ