Vila Sunset се наоѓа на самата плажа Paradiso во Неос Мармарас. Делумно е реновирана во 2010 година. Од центарот на Неос Мармарас е оддалечена околу 1.5 км. Вилата има ресторан и рецепција,  пред самата вила има базен со бар и туш, а на гостите им се на располагање лежалки и чадори околу базенот (со задолжителна конзумација на пијалак). За време на попладневниот одмор базенот е затворен, а работното време на рецепцијата е од 08-23 часот. Во понудата имаме двокреветни и трокреветни студија со грчко-француски и стандардни кревети, како и четирикреветни апартмани со софа на која може дополнително да се смести едно дете до 6 години. Сите сместувачки капацитети се наоѓаат на високо приземје и на првиот спрат од вилата. Комплетно се опремени со кујни (фрижидер, мини електричен шпорет и садови), купатило, крпи, тераси со гарнитури за седење со тенди, TV, фен, WiFi (со слаб сигнал) и клима уред чие користење е вклучено во цената. Постелнината и крпите се менуваат на секој трет ден, додека чистењето е на секој втор ден. Вилата има паркинг простор. На гостите на последниот ден им е на располагање просторија за оставање на багажот и издвоени тоалети. Vila Sunset е една од најпознатите и најпопуларни вили во Неос Мармарас !

-5 % попуст за целосна уплата до 30 April 2022

Цените се изразени во евра за престој од 11 дена / 10 ноќевања
Уплата се врши задолжително во денари по курс 1 евро = 62 денари
Задолжителна доплата од 0,5 евра по ден (5 евра за цел престој) на лице место во вилите

Цените се изразени во евра за престој од 11 дена / 10 ноќевања
Уплата се врши задолжително во денари по курс 1 евро = 62 денари
Задолжителна доплата од 0,5 евра по ден (5 евра за цел престој) на лице место во вилите

[contact-form-7 404 "Not Found"]