ВИЛА ПОПИС – КАЛИТЕА

Вила Попис се наоѓа на самото шеталиште, т.е прва пешачка улица во строгиот центар на Калитеа. Во нејзина близина се наоѓа, маркет, слаткарница, продавници, фурна, ресторани, кафетерии итн. На 200м одалеченост се наоѓа плажата до која се стига преку улица или скали. Калитеа е сместена на повисоко теренско место, затоа пристапот до плажа е по удолница.

Вилата не располага со паркинг и околу неа нема расположливост за паркинг, најблизок паркинг простор е на 150м одалеченост, кој е бесплатен и се наоѓа на 2 паралелни улици погоре од самата вила. Во долниот дел на вилата се наоѓа мала приемна канцеларија каде се подигаат клучевите за сместувањето, и се остава багаж додека се чека превоз при напуштањето на собите. Сите соби се двокреветни со брачен  кревет, со капацитет само за 2 лица со можност да се смести мало дете со неполни 6 год кое би спиело со родители бидејки нема простор за дополнителни легла. Собите располагаат со мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење која е во склоп на самото студио, сопствен тоалет, балкон, клима без доплата и wi-fi.

-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И 50% УПЛАТЕНИ ДО 31.03.2021

На ПРОМО цените не следува попуст за два последователни термини и попуст за рана резервација,

Првите две и последните два термина се ПРОМО ЦЕНИ и не подложат на попуст

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Калитеа чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја Сабота)

  • Скопје (Дрводекор) – 35еур по лице
  • Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 40еур по лице
  • Струмица (БП Макпетрол кај нов кружен тек)-Трансфер до Удово – 40еур по лице
  • Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35еур по лице
  • Удово (бензинска пумпа Удово) – 35еур по лице
  • Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35еур по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:

  • Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон– 30еур по лице
  • Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола – 30еур по лице
  • Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола – 35еур по лице
  • Кичево (БП Пуцко Петрол) Трансфер до Битола – 35еур
  • Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 35еур по лице
  • Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 30еур по лице
  • Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена за Скопје, 15еур за Битола и Прилеп
  • Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште
  • Возрасно лице над 63год – попуст од 10еур

Агенцијата го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70%   

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

  • *За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст (овој попуст не е важечки за промо термините)
  • *Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во легло со родител
  • *Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
  • *Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
  • *Важат Општите услови на СКТМ
[contact-form-7 id="1325" title="Contact Form"]