- NOMAD - https://nomadtravel.mk -

Villa Pascalis – Трулос

Вила “ПАСКАЛИС“ лоцирана во Трулос на оддалеченост  7 минути од прекрасната плажа Трулос.Извонредна местоположба со фасцинантен поглед кон морскиот хоризонт неограничувајќи го вашиот поглед и  мисла.
Плажата Трулос е преубава плажа со ситен песок и постепено задлабочување , тиркизна боја на водата ,лежалки ,таверни …. во непосредна близина има Супермаркет.

10% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 50% ОД ЦЕНАТА ДО 11.12.2023

12% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 100% ОД ЦЕНАТА ДО 11.12.2023

ЦЕНОВНИК ПО ЛИЦЕ (НОЌЕВАЊА СО ПРЕВОЗ)

ЦЕНИ ЗА 7, НОЌИ,АВТОБУС, ТРАНСФЕР(ПРИСТАНИШТЕ-ВИЛА ПРИСТАНИШТЕ),ПРЕТСТАВНИК НА ОСТРОВОТ

Термините објавени во табелата се однесуваат на ден на поаѓање, влез во објектите е следниот ден

Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице за 7 ноќевања со вклучен:

автобуски превоз, трансфер пристаниште-вила-пристаниште,за минимум 2 лица;

*трето,четврто , лице плаќаат според табелата;

*1 и 2  (прво и второ) дете до 12 години  плаќаат според табелата;
* дете до 02 години бесплатно (без седиште);

*Термините објавени во табелата се однесуваат на ден на поаѓање, влез во објектите е следниот ден;

*Поаѓање од Штип пред Нова пошта во 23:00 часот;

*Поаѓање од Скопје на паркингот спортска сала Борис Трајковски во 23:00 часот;

Цените се изразени во ЕУР, плаќањето е исклучиво во денарска противвредност по курс 62ден.

Само автобуски превоз- повратна автобуска карта Скопје –Волос-Скопје 50 еур за возрасни, 40 еур за деца до 12 год;

Само автобуски превоз – еден правец  45 еур за возрасни, 35 еур за деца до 12 год. –;

За користење на аранжман со сопствен превоз се одбива 45 еур за прво и второ лице, за 3 и 4 лице по  25 еур,за деца до 12 години не се одбива;

Напомена: Oбезбедено е трансфер од пристаниште-вила-пристаниште на денот на пристигнување и заминување

Во случај на промена на часот на поаѓање/враќање од страна на  бродската компанија,  агенцијата го задржува правото за промена на часот на поаѓање/враќање во согласност со промените на бродската компанија.

Во цената не е вклучено:

*БРОДСКА КАРТА ВОЛОС-СКИЈАТОС – ВОЛОС =35€ се плаќа во автобус;
*клима уред доколку се користи 5од ноќ / се плаќа во вилата;
*туристичка такса 0,5 
€ од ноќ се плаќа во агенција (доколку дојде до промена на цената за туристичката такса од страна на грчките власти,цената ќе биде променета)