Студиа “ПАНИЛАС” се наоѓа на само 15 метри од плажа и од пешачката патека. Студиата се целосно реновирани 2016год. и се наоѓат на 2 спрат. Сите студиа се опремени со мини шпорет, фрижидер, основни садови за соодветниот број на лица ,ТВ, тераса со гарнитура за седење и бања.

Студио бр. 1  3 единечни кревети, оделна нова кујна опремени со шпорет, голем фрижидер, основни садови за соодветниот број на лица, ТВ, Wi-Fi интернет,  2 тераси  (од кујната со гарнитура за седење -поглед двор), купатил со туш. 
Студио бр. 2  4  единечни кревети (2 споени), нова кујна опремени со шпорет, голем фрижидер, основни садови за соодветниот број на лица, ТВ, Wi-Fi интернет,   тераси   со гарнитура за седење – страничен поглед на море), купатил со туш.

Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената.

Check in:      14:00h.
Check out:    09:00h.

GPS:  40°01’06.0″N 23°31’33.7″E

Важна Напомена:За хигиената на студијата се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место.Студијата не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.

-10% попуст за резервација со 50% уплата до 18.03.2024
-7% попуст за резервација со 50% уплата до 10.05.2024

ЦЕНОВНИК  (Цена за НАЕМ на студио/апартман за 8 дена 7 ноќевања)

ПериодНоќи1/3 1/4Коментар
19.05-26.05.2024799€119€промо
26.05-02.06.20247149€179€промо
02.06-09.06.20247199€219€ 
09.06-16.06.20247289€309€ 
16.06-23.06.20247359€389€ 
23.06-30.06.20247389€419€ 
30.06-07.07.20247429€459€ 
07.07-14.07.20247469€499€ 
14.07-21.07.20247499€529€ 
21.07-28.07.20247499€529€ 
28.07-04.08.20247499€529€ 
04.08-11.08.20247499€529€ 
11.08-18.08.20247499€529€ 
18.08-25.08.20247419€449€ 
25.08-01.09.20247339€369€ 
01.09-08.09.20247249€279€ 
08.09-15.09.20247199€229€ 
15.09-22.09.20247139€139€промо
22.09-29.09.2024799€119€промо

Плаќањето е во денарска противвредност 1 Евро = 62 денари.

На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.

При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.

Во цената е вклучено:

  • 7 Ноќевања,
  • клима уред
  • wi-fi.

Во цената не е вклучено:

  • Превоз
  • патничко осигурување
  • паркинг
  • туристичка такса на ден  (1,5 еур) , се плаќа во агенцијата.

ПРЕВОЗ

 

Информации; цени, време на поаѓање, места на поаѓање до/од

Цена по лице за превоз  Скопје-Халкидики (секоја Недела)време на поаѓањецена
Скопје – Дрводекор04;0045 €
Велес – (Кружен Тек на Влезот-Бензиска Макпетрол) 04;3045 €
Штип – паркинг пред пошта, трансфер до Велес03;4060 €
Неготино – бензинска, Неготино05;0045 €
Граничен премин – бензинска Шимов06;0045 €
Цена по лице за превоз  Битола- Халкидики (секоја Недела)време на поаѓањецена
Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон04;0040 €
Прилеп – БП Селида,  трансфер до Битола03;1540€
Струга – Хотел Дрим, трансфер до Битола02;1550 €
Охрид – БП Лук Оил излез кон Битола, трансфер до Битола02;3050 €
Ресен – спроти автобуска станица, трансфер до Битола03;1550 €

Деца од 2-11,99 год – попуст од 10€ од редовната цена
Деца до 1,99 год – бесплатно и не користат седиште
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

ЧАС И МЕСТО НА ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА

локално (грчко)  времемакедонско времелетовалиште
15:0014:00Калитеа
14:4514:00Полихроно
14:3013:30Ханиоти
14:1513:15Пефкохори

С-ТРАВЕЛ го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70%

Услови:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

 Отказ на резервации:

  • За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

Останати услови и попусти:

  • За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин,
  • Попустите не може да се комбинираат,
  • Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
  • При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
  • Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
  • Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

 Приговори и поплаки:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.