Куќа „Палаис де Фурка“ е лоцирана на 40-50 метри од прекрасната песочна плажа, во мирниот дел на Фурка, или 5 минути од центарот. Има убаво уреден голем двор со многу зеленило и содржини за деца, сопствен приватен паркинг. Располага со четирикреветни апартмани на приземје, сите опремени со ТВ, клима (вклучена во цената), тоалет, комплетно опремена кујна и големи тераси со поглед кон дворот.
Координати: 40.003134, 23.383092

-15 %за целосна уплата 
Попустот важи до 18.01.2024

Вонсезоски цени (објаени по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз)

ТЕРМИННОЌЕВАЊА1 И 2 ЛИЦЕ3 И 4 ЛИЦЕ
26/5-2/6713955
2/6-9/6716955
9/6-16/6719955
16/6-23/6721955
23/6-30/6724955

*Задолжитено плаќаат најмалку 3 лица

Сезонски цена (објавени за наем на апартман за 7 ноќевања)

ТЕРМИННОЌЕВАЊАЧЕТИРИКРЕВЕТЕН АПАРТМАН
30/6-7/77560
7/7-14/77595
14/7-21/77630
21/7-28/77665
28/7-4/87665
4/8-11/87665
11/8-18/87665
18/8-25/87665
25/8-1/97630

Вонсезоски цени (објаени по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз)

ТЕРМИННОЌЕВАЊА1 И 2 ЛИЦЕ3 И 4 ЛИЦЕ
1/9-8/9724955
8/9-15/9721955
15/9-22/9716955

*Задолжитено плаќаат најмалку 3 лица

НАПОМЕНИ: 
  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд.
  • Вонсезонските цени се дадени (објавени) по лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3 и 4 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна. За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
  • Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    • За возрасни 3,100 денари (50 евра)
    • За деца до 11,99 години 2.170 денари (40 евра)
  • Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“ (за сите промени патниците ќе бидат навремено информирани) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција кон Македонија е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
  • Преземањето на собите е од 14-15 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од Т.А.Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци, без доплата на клима-уред, интернет и слично, за евентуална промена Т.А.ќе ги информира своите клиенти според меѓусебно потпишаниот договор со партнерите.
  • Туристичката такса која од лето 2024 година изнесува 1,5 евро на ден се плаќа на самото место
  • Т.А. не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи (важност најмалку 3 месеци од денот на враќање) и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција.