Објект сместен во цетралниот дел на Мораитика, на 450 метри од плажата. Во близина на вилата се наоѓа пекара, маркети, убави ресторани. Во својот склоп има апартмани за 2, 3 и 4 лица, кои имаат комплетно опремена кујна во одделна просторија од спалните соби, тоалет, балкони, ТВ, Wi-Fi и клима уред (користењето е со доплата 5€ дневно).

ЦЕНА ЗА ЛЕТО 2021

Цени:

  • – Се дадени по апартман, од ноќ, за минимален престој од 5 ноќевања, по курс од 1€ = 61.8 ден
  • – Во студијата/апартманите дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.
  • – Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа директно во објектот. Користењето на клима е со доплата од 5€ дневно.

Напомена:

  • – Дадената понуда е на барање. За потврда на резервација од страна на сместувачките капацитети потребно е време од 24 – 48 часа.
  • – За резервација потребна е аконтација од 30% од вкупниот износ на аранжманот, додека останатите 70% од износот треба да се доплатат најдоцна 7 дена пред поаѓање.
  • – За сите нови резервации, во случај да не може да се организира патувањето поради виша сила, агенцијата гарантира рефундација на уплатените средства
  • – Во случај на откажување на аранжманот од страна на патникот, дозволена е промена на патници, доколку патникот најде замена, во било кој временски период до поаѓање.
  • – Задолжително е здравствено и патничко осигурување и е одговорност на патникот да го набави во туристичка агенција или осигурителна компанија
  • – Патниците се одговорни за валидноста на нивните документи за влез во Грција, освен ако истите се во организација на агенцијата (PCR тест и PLF формулар).
  • – Патниците се одговорни за важноста на нивните патни исправи, како и за бројот на искористени денови за престој во ЕУ (максимум 90 дена во временски период од 180 дена).
  • – Агенцијата не е одговорна за интензитетот и квалитетот на интернет врската во сместувачките капацитети во текот на престојот на гостите, како и за периодите со топла и ладна вода и притисок на вода, кои зависат од инфраструкутрата на дестинацијата.
  • – За аранжманот важат “Општи услови за патување за агенции членки на СКТМ”
  • – Со  потпишувањето на договорот за патување, патникот ги прифаќа и се обврзува да ги почитува условите од куќниот ред
  • – Со потпишувањето на договорот за патување, патникот потврдува дека е свесен за ризиците кои може да произлезат од патување во време на пандемија и дека за истите агенцијата не сноси никаква одговорност

Куќен ред:

  • – Студијата/апартманите се напуштаат во 08:00 часот, во студијата се влегува после 14:00 часот
  • – Гостите се сместуваат во претходно подготвени и уредени соби, со обврска сами да се грижат за редот и хигиената на истите во текот на престојот. По завршувањето на престојот гостите се обрзани да ги остават студијата/апартманите во пристојно чиста состојба.
  • – При употреба на клима уредот се молат гостите да ги затвораат вратите и прозорците. При напуштањето на студијата/апартманите се молат гостите да го исклучуваат клима уредот. Во спротивно, сопствниците на сместувачките капацитети имаат право да го забранат користењето на услугата.
  • – Гостите се должни да ги остават апартманите и студијата во иста состојба како што ги затекнале. Опремата во студијата/апартманите и на терасите да биде неоштетена. Инвентарот мора да биде на број.
  • – Во случај на направена штета или губење на клучеви, гостите се должни да ја надокнадат штетата и да платат кај сопствениците на сместувачките капацитети пред заминување.
  • – Во случај на забелешки во врска со сместувањето или евентуални проблеми настанати во текот на престојот, гостите се должни да ја пријават забелешката или проблемот кај сопствениците на сместувачките капацитети и претставнците на агенцијата во текот на нивниот престој. Агенцијата не сноси одговорност за забелешки и проблеми пријавени после завршувањето на престојот на гостите.
[contact-form-7 id="1325" title="Contact Form"]