Вила Мистрал се наоѓа во мирниот дел на Калитеа на 5-7 мин. од плажа, во непосредна близина на вила Магдалини. Вилата располага со 1/2+1 студиа со комплетно опремена кујна, купатило, клима уред (вклучен во цената), и сат. ТВ. Во дворот има базен и лежалки, а WiFi пристапот е овозможен на базен и рецепција. На 50-ина метри се наоѓа голем јавен паркинг, каде и во висока сезона може да се најде бесплатно паркинг место. Вилата е идеална за оние кои покрај плажа и море, сакаат слободното време да го поминат покрај во базенот во пријатна атмосфера, а сепак блиску до центарот и сите збиднувања.

Што е вклучено во цената

Сместување на база 7 ноќевања во студија/соби во вила Mystral

Што не е вклучено во цената

  • Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба: приватно сместување – 0,5 евра, хотели 1* и 2*  – 0,5 евра, хотели 3* – 1,5 евра, хотели 4* – 3 евра, хотели 5* – 4 евра) – се плаќа во агенција.
  • Користење на клима уред 3 евра по ден
  • PCR тест (доколку не сте вакцинирани).
  • Индивидуални трошоци.

Важно

  • – Доплата за туристичка такса 0,50 евра по студио/апартман на ден се плаќа во објектот
  • – Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број можност со дополнително барање (одобрување) да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со двајца возрасни.
  • – Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • – Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
  • – Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
  • – За уплата на два последователни термини за престој, одобруваме 10% попуст на вториот термин и важи само за редовни цени.
  • – Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • – Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • – Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
  • – Сместување во собите е по 14часот по локално време, а напуштање на истите е до 09:00часот.
  • – Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупната сума на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 7 дена пред – поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
  • – По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • – Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • – Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • – Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
  • – Во услови на Ковид19, превозот ќе се организира и реализира согласно актуелните мерки и протоколи за вршење на внатрешен и меѓународен превоз.
  • – За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • – При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај.
  • – За време на патувањето во автобус задолжително е носење заштитна маска со која се покрива устата и носот.
  • – Патниците за време на патувањето се должни да ги почитуваат во целост актуелните мерки за претпазливост и безбедност како и инструкциите од пратителот на патувањето.
  • – Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
  • Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупната сума на аранжманот.
  • Целосна доплата на аранжманот се врши 7 дена пред поаѓање.
[contact-form-7 id="1325" title="Contact Form"]