Вила “Mario” се наоѓа на помалку од 100м  или околу 2-3 мин пеш до плажа во централниот дел на Ксамил и на околу 70м од Тирана Банк. Вилата е со одличен квалитет на сместување и високо ниво на хигена и има 9.4 оцена од 10 на booking.com. Располага со студија и апартмани со 1 и 2 спални соби за 4 лица. Студијата се наоѓаат на II и III кат и се состојат од две единечни легла или брачен и две легла на кат (едно над друго), комплетно опрема кујна, купатило и тераса.  Апартманите со 1 спална се наоѓаат на I и II кат, опремени со: балкон, комплетно опремена кујна со фрижидер, ТВ, купатило. Распоредот на легла е две легла или кревет на спуштање во кујната и брачен кревет во спалната. Климата и ТВ се во спалната соба. Дуплекс апартманот со 2 спални се наоѓа на приземје во дворот на вилата и се состои од 2 одделни спални соби (лево и десно), (едната соба со брачен кревет, другата соба со 2 оделни легла). Климата, ТВ и кујната се наоѓаат во едната спална соба. Голем фрижидер во ходникот и купатило во средина, помеѓу 2-те спални соби. На сите балкони во вилата има тенда за сонце. Клима и интернет – БЕСПЛАТНИ. Во дворот на вилата има паркинг и скара за корисење на гостите. 

  • 10% попуст за целосна уплата до 01.05.21 
  • 5% попуст за целосна уплата до 01.06.21

НАПОМЕНА

  • – Цените во табелата се однесуваат за наем на студио и апарман со 1спална за 7 ноќи без превоз;
  • – Превозот е еден ден претходно од термините во табелата, навечер;
  • – Сместувањето е  по 14:00часот, а собите ги напуштате последниот ден во 09:00 часот;
  • – Ги замолуваме патниците кој користат превоз да бидат на местата за поаѓање 10 минути пред поаѓањето;
  • – Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме;
  • – Во студиo/апартман, дозволено e сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител;
  • – Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус/миниус. На околу 50м од вилата.
  • – Се патува според протокол за патување преку г.п.Ќафасан (Струга). НЕ е потребен PCR тест. Може да се патува и само со лична карта или пасош. 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • –  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
  • –  Доплата за превоз: 55€ за возрасни / 45€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
  • –  Доплата за патничко осигурување
[contact-form-7 id="1325" title="Contact Form"]