Вила “Magda”, се наоѓа на околу 70m од плажа, во центар на Пефкохори, во уличка која води до плажа, после кружниот тек. Располага со 1/2 студија за две лица со две единечни легла, 1/3 студија за три лица со три единечни легла. Сите студија се наоѓаат на 1-ви кат, имаат големи, просторни тераси со поглед во дворот на вилата, кујна со комплетен прибор за онолку лица спрема број на легла, купатило, гардеробер, ТВ, клима и Wi-Fi бесплатни, масичка со столчиња во кујна и на балкон. Гостите кој патуваат со сопствени возила, паркинг на булеварот. Студијата се наоѓаат на 1-ви кат. Ви посакуваме пријатен престој.

EARLY BOOKING – Лето 2022 

15% попуст за целосна уплата до 01.04.22   |  10% попуст за целосна уплата до 01.05.22


НАПОМЕНА

  • –  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
  • –  Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
  • –  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • –  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • –  Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз;
  • –  Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 5 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
  • –  Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
  • –  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот. Постелнината се менува на денот на сместувањето и уште еднаш во текот на неделата;
  • –  Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
  • –  Автобусот ги остава/зема патниците на 20м од вилата на булеварот.
  • –  Wi-Fi интернет и КЛИМА – БЕСПЛАТЕНО!!
  • –  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот и последниот термин.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • –  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
  • –  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
  • –  Доплата за туристичка такса – 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект при сместување);
  • –  Доплата за превоз: 40€ за возрасни / 30€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
  • –  Доплата за патничко осигурување / Информации во агенција.

Автобуски превоз ПЕФКОХОРИ, според термини од табелата Патни Информации
 Град на поаѓање Mесто на поаѓање  Време на поаѓање
 Куманово: (бензинска Макпетрол – автопат)04:15h
 
 Скопје: (паркинг пред VIP хотел наспроти саем)05:00h
 Штип: (паркинг пред нова пошта)05:00h
 Велес: (бензинска Макоил, мотел Македонија) 05:45h
 Неготино: (бензинска, Макпетрол) 06:15h
 Г.П. Богородица: (бензинска, Oкта / Богородица)07:00h
 Поаѓање од Пефкохори:    14:00 по МК време / 15:00 по ГР време (на главниот булевар)
[contact-form-7 404 "Not Found"]