Вила “Lida” се наоѓа на околу 70м од плажа во центарот на Саранда, каде што започнува шеталиштето и плажата. Веднаш под вилата е улицата покрај плажа на која има мнгу хотели, ресторани, ноќни барови.. Вилата располага со двокреветни, трокреветни и четворокреветни студија на I и II кат. Студијата се комплетно опремени со кујна, купатило, ТВ, клима и интернет – БЕСПЛАТНИ, балкони со масичка и столчиња со страничен поглед кон море. Вилата се наоѓа на одлична локација и е со одличен квалитет на сместување, највисоко ниво на хигиена и голем комфорт на студијата. Под вилата има сопствен паркинг за гостите на вилата кој патуваат со сопствен превоз. Студијата се наоѓаат на I и II кат.

  • 10% попуст за целосна уплата до 01.05.21 
  •  5% попуст за целосна уплата до 01.06.21

НАПОМЕНА

  • – Цените во табелата се однесуваат за наем на студио за 7 ноќи без вклучен превоз;
  • – Превозот е еден ден претходно од термините во табелата, навечер;
  • – Сместувањето е  по 14:00часот, а собите ги напуштате последниот ден во 09:00 часот;
  • – Ги замолуваме патниците кој користат превоз да бидат на местата за поаѓање 10 минути пред поаѓањето;
  • – Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме;
  • – Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 4 години во кревет со родител;
  • – Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус/миниус. На 50м под вилата.
  • – Се патува според протокол за патување преку г.п.Ќафасан (Струга). НЕ е потребен PCR тест. Може да се патува и само со лична карта или пасош. 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • –  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
  • –  Доплата за превоз: 55€ за возрасни / 45€ за деца од 2 до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
  • –  Доплата за патничко осигурување.
[contact-form-7 id="1325" title="Contact Form"]