Вила КЛЕОН е нова вила која што e во сопствен закуп на т.а.ОРБИТА и се наоѓа на само 100 метри од прекрасната плажа Bella Vista и на околу 100 метри  од центарот на Ксамил. Pасполага со двокреветни со дополнително легло, трокреветни соби и трокреветни соби со дополнително легло на приземје, со комплетно опремена сопствена кујна, купатило, балкон, клима, WI-FI.

15% попуст за резервација и целосна уплата до 28.02.2023
10% попуст за резервација и целосна уплата до 31.03.2023
5% попуст за резервација и целосна уплата до 30.05.2023

Климата е вклучена во цената***

ЦЕНОВНИК ОБЈАВЕН НА 15.12.2022

ВИЛА КЛЕОН 2023
ТерминНоќевања1/2 студио1/3 студио
02.06 – 09.067159179
09.06 – 16.067179199
16.06 – 23.067209229
23.06 – 30.067229249
30.06 – 07.077289309
07.07 – 14.077329349
14.07 – 21.077349369
21.07 – 28.077349369
28.07 – 04.087349369
04.08 – 11.087349369
11.08 – 18.087349369
18.08 – 25.087339359
25.08 – 01.097289309
01.09 – 08.097199219
08.09 – 15.097189209

Цените се за НАЕМ на СТУДИО за 7 ноќевања.

НАПОМЕНИ:

  • ДОПЛАТА ЗА + 1 ДОПОЛНИТЕЛНО КРЕВЕТЧЕ ЗА ДЕТЕ ДО 15 ГОДИНИ Е 5 ЕВРА НА ДЕН!!!
  • За аранжманите купени со попуст НЕ Е дозволено: промена на дата, име и презиме на патниците по извршената уплата, во случај на промена важат редовните цени и се доплаќа до износот;
  • Деца до 5.99 години дозволено да спие со родител на еден кревет;
  • Климата е вклучена во цената;
  • Собите се преземаат во 12:00 часот, а се напуштаат во 08:00 часот по локално време;
  • За хигиената на собите се грижат гостите;
  • За промена на постелнината се грижи одговорно лице на барање на гостите.

ПОПУСТИ:

  • За уплатени два последователни термини 7+7 ноќевања одобруваме 7% попуст на вториот термин;
  • Не е дозволено комбинирање на попустот за рана уплата со другите попусти!

ПЛАЌАЊЕ:

  • Плаќањето е во денари по курс 1 евро – 62мкд;
  • Уплата при резервација 30% од вкупната сума, доплатата минимум 10 дена пред поаѓање;
  • За раните попусти уплатата треба да се плати вкупната сума до одредениот датум. 

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО:

  • 1/2 – Студио на приземје
    • Студиото е 18м2, има голем брачен кревет, балкон, поглед на градината, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
    • Максимален капацитет2 возрасни + 1 дете до 4,99 години + 1 дете до 14,99 години на дополнителен кревет со доплата од 5 евра на ден.
  • 1/3 – Студио на приземје
    • Студиото е 22м2, има голем брачен кревет + единечен кревет, балкон, поглед на градината, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
    • Максимален капацитет3 возрасни + 1 дете до 4,99 години + 1 дете до 14,99 години на дополнителен кревет со доплата од 5 евра на ден.

Агенцијата како оргранизатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Што можете интересно дa правите кога сте на одмор во Ксамил?

  • Уживајте во зајдисонце: Осигурете се да не го пропуштите зајдисонцето над Ксамилските острови. Кој било бар на плажата или ресторан свртен спрема островите, ќе ви го пружи тоа задоволство!
  • Изнајмете кајак: Речиси сите плажи имаат на располагање изнајмувања кајак и бродови. Дефинитивно изнајмете и прошетајте ги Ксамилските острови!
  • Посетете го националниот парк Бутринт: Има автобус на секој час од Саранда и Ксамил кој вози до Националниот парк Бутринт. Само 3 км по патот се наоѓа светското наследство на УНЕСКО, Бутринт. Бутринт е домаќин на некои од најважните истории на Албанија и целиот Медитеран.
  • Уживајте во Саранда: Сместено на самиот југ на Албанија, Саранда е мал град со повеќе од 300 сончеви денови во годината кој се повеќе наликува на Италијанските приморски градови. Привлекува се’ повеќе гости со својот шарм. Веројатно сте слушнале како некои пријатели го споменуваат ова летно одморалиште. Ова не треба да изненадува бидејќи Саранда е украсена со волшебни плажи со бел песок, бројни маслинови градини, сите на јонското крајбрежје, спроти познатиот грчки остров Крф.
  • Посетете ја плажата “Pema e Тhate”, една од најубавите панорамски плажи во јужна Албанија лоцирана на 3 километри југозападно од Ксамил
  • Посетете го “Syri & Kalter” (Плаво око): Прекрасен природен феномен кој е оддалечен околу 50 минути возење од Ксамил. Сири и Калтер е исто така познат како сино око и тука ве чекаат кристално чисти води во тиркизна и зелена боја.
[contact-form-7 404 "Not Found"]