ВИЛА ЈАНИС – КАЛИТЕА

Вила Јанис се наоѓа на главната улица наспроти познатиот ресторан Брики, т.е 50 метри од строгиот центар на Калитеа. Во нејзина близина се наоѓа маркет, слаткарница, продавници, фурна, ресторани, кафетерии итн. Плажата се  наоѓа на 200м одалеченост од самиот објект.Вилата не располага со паркинг и околу неа нема можност за паркирање.  Најблиското место каде може да се  остави возилото е на 150м одалеченост и истото е  бесплатно. Сите соби се трокреветни, 5 од нив се наоѓаат од предната страна и имаат поглед кон главанта улица, останатите имаат поглед кон дворот во вилата .Собите се со капацитет за сместување на 3 лица( мало дете до неполни 6 год кое би спиело со родители), а во некои од  собите има можност и за дополнително легло. Собите располагаат со мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење која е во склоп на самото студио, сопствен тоалет, балкон, клима без доплата и wi-fi. Вилата е реновирана во целост во 2018 година. 

-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И 50% УПЛАТЕНИ ДО 31.03.2021

На ПРОМО цените не следува попуст за два последователни термини и попуст за рана резервација

– Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Калитеа чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја Сабота)

  • Скопје (Дрводекор) – 35еур по лице
  • Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 40еур по лице
  • Струмица (БП Макпетрол кај нов кружен тек)-Трансфер до Удово – 40еур по лице
  • Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35еур по лице
  • Удово (бензинска пумпа Удово) – 35еур по лице
  • Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35еур по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:

  • Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон– 30еур по лице
  • Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола – 30еур по лице
  • Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола – 35еур по лице
  • Кичево (БП Пуцко Петрол) Трансфер до Битола – 35еур
  • Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 35еур по лице
  • Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 30еур по лице
  • Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена за Скопје, 15еур за Битола и Прилеп
  • Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште
  • Возрасно лице над 63год – попуст од 10еур

Агенцијата го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70%   

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

  • *За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст (овој попуст не е важечки за промо термините)
  • *Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во легло со родител
  • *Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
  • *Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
  • *Важат Општите услови на СКТМ
[contact-form-7 id="1325" title="Contact Form"]