Вила “ISI Lux”се наоѓа нa само 20m oд плажа односно пред хотел “Potidea Golden Beach”. Вилата е изградена во 2017 год. Располага со 1/3 студија, /2+1/ апартмани со една спална за 3 лица (брачен кревет+едно легло во кујната), дуплекс апартман со две одделни спални соби за 4 лица (брачен во двете спални). Студијата се на високо приземје и I кат /апартманите со една и две спални соби се на I кат. Сите се опремени со комплетно нов мебел, кујна (со прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер…), тоалет, крпи за лице и тело, клима (вклучена во цената), ТВ, бесплатен Wi-Fi интернет, гардеробер, балкон со масичка и столчиња. Во дворот на вилата има масички со столчиња, кујна и скара кои се на располагање на гостите. Вилата за прв пат е отворена во 2017 година.
Лето 2022
EARLY BOOKING – Лето 2022
- 15% попуст за целосна уплата до 01.04.22
- 10% попуст за целосна уплата до 01.05.22

НАПОМЕНА
- – Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во студио или апартман со една спална – БЕСПЛАТНО сместување;
- – Цените за 7ноќи/8дена (со *), се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;
- – Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- – При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- – Во студио или апартман со една спална плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз;
- – Во дуплекс апартман со две одделни спални соби плаќаат минимум 4 лица во термините по лице со превоз;
- – Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години – БЕСПЛАТНО;
- – Поради генерално чистење на студијата/апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
- – Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
- – Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
- – Превозот ги остава патниците пред вилата доколку е можно да влезе минибус, доколку се патува со автобус НЕ е можно и ги остава/зема кај стадионот. Околу 400м од вилата;
- – Wi-Fi интернет и КЛИМА – БЕСПЛАТНИ!!
- – Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- – За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
- – За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
- – Доплата за туристичка такса – 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);
- – Доплата за превоз: 40€ за возрасни / 30€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
- – Доплата за патничко осигурување (информации во агенција).
Автобуски превоз НЕА ПОТИДЕА, според термини од табелата | Патни информации | ||
Град на поаѓање | Mесто на поаѓање | Време на поаѓање | |
Куманово: | (бензинска Макпетрол – автопат) | 04:15h | |
Скопје: | (паркинг пред VIP хотел наспроти саем) | 05:00h | |
Штип: | (паркинг пред нова пошта) | 05:00h | |
Велес: | (бензинска Макоил, мотел Македонија) | 05:45h | |
Неготино: | (бензинска, Макпетрол) | 06:15h | |
Г.П. Богородица: | (бензинска, Oкта / Богородица) | 07:00h | |
Поаѓање од Неа Потидеа: | 15:00 по МК време / 16:00 по ГР време (пред вилата или стадионот) |