Оваа вила е лоцирана во самиот центар на Кала Нера на 100 метри од плажата..Студијата 02 и 03 се сместени на први и втори спрат и поседуваат француски кревет и еден единечен кревет, кујна (фрижидер, решо со две рингли, , прибор и садови според бројот на гостите), купатило со туш-када, ТВ, клима и тераса со гарнитура за седење. Апартмани 04 се сместени на први и втори спрат и поседуваат две одвоени спални соби со по два стандардни кревети, секоја соба со ТВ, клима уред и купатило со туш-када. Двете соби имаат излез на тераса која е заедничка за цел апартман. Кујната е посебна просторија и поседува фрижидер, решо со две рингли, прибор и садови според бројот на гостите.
ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА ЗА БРОЈ НА НОЌЕВАЊА ПО ЛИЦЕ, БЕЗ ПРЕВОЗ
Услуга | МАЈ 27 | ЈУН 06 | ЈУН 16 | ЈУН 26 | ЈУЛ 06 | ЈУЛ 16 | ЈУЛ 26 | АВГ 05 | АВГ 15 | АВГ 25 | СЕП 04 | СЕП 14 | СЕП 24 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Број на ноќевања | 10 | 10 | 10 | 10 | 10 | 10 | 10 | 10 | 10 | 10 | 10 | 10 | 10 |
Студио 02 по лице | 89 | 129 | 169 | 219 | 249 | 289 | 289 | 289 | 289 | 219 | 159 | 109 | 99 |
Студио 03 по лице | 79 | 109 | 139 | 169 | 199 | 219 | 219 | 219 | 219 | 169 | 129 | 89 | 79 |
Апп 04 по лице | 79 | 99 | 129 | 149 | 179 | 209 | 209 | 209 | 209 | 169 | 129 | 99 | 89 |
Family club* Дете 2-14 г | 39 | 39 | 39 | 39 | 39 | 39 | 39 | 39 | 39 | 39 | 39 | 39 | 39 |
- Прво дете од 2-14 години плаќа цена дадена во табелата, во придружба со 2 возрасни лица по цена од СТД 02 и користи кревет во СТД 03, или заеднички кревет (дете до 6 год) со возрасни лица во СТД 02/СТД 03;
НАПОМЕНА
- Во студијата и апартманите се влегува првиот ден по 14.00 часот а се напуштаат последниот ден до 10.00 часот.
- Студијата и апартманите се чистаат еднаш на три дена а постелнина се менува на половина смена.
- Додатните односно помошните кревети во Грција се секогаш на расклопување и со помала димензија од стандардните.
- климата се доплаќа 5 евра на ден по студио/апартман
ТУРИСТИЧКА ТАКСА
- Од 01.01.2018 година Министерството за туризам на Р.Грција има воведено туристичка такса за сите гости кои престојуваат во оваа држава, и истата се наплатува на лице место кај сопствениците на приватното сместување или на рецепција кај хотелското сместување.
ПЛАЌАЊЕ И УСЛОВИ
- Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 61.8 денари. За овој аранжман важат општите услови за патување