Туристичката населба Сутоморе се наоѓа помеѓу Бар и Чањ во еден од најубавите делови од Јадранското крајбрежје. Со својата долга песочна плажа, прекрасното сино море, како и многубројните ресторани, кафе баровите, дискотеките, забавните пaркови за деца и другите објекти за забава е омилена туристичка дестинација и нуди можност за незаборавен одмор.
Сместувањето е во центарот на градот на само 250м од плажа и ги нуди следниве капацитети:
ВИЛА ЕКСКЛУЗИВ располага со двокреветни и со трокреветни соби опремени со клима (вклучена во цената), ТВ, тоалет, фрижидер и тераса. На секој кат во вилата има заедничка кујна опремена со основен прибор.
– 15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 01.02.2022
ЦЕНОВНИК
1 | 14.06-23.06 | 200 |
2 | 23.06-02.07 | 210 |
3 | 02.07-11.07 | 240 |
4 | 11.07-20.07 | 270 |
5 | 20.07-29.07 | 270 |
6 | 29.07-07.08 | 270 |
7 | 07.08-16.08 | 270 |
8 | 16.08-25.08 | 250 |
9 | 25.08-03.09 | 230 |
10 | 03.09-12.09 | 220 |
- * Цените се изразени во евра и се однесуваат на ПАКЕТ АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ
- (9 ноќевања со појадок и вечера со вклучен превоз)
- – Прво дете до 12 год. ПОПУСТ од 50 % од цената на аранжманот
- – Второ дете до 12 год. ГРАТИС (доплата за превоз 40 евра) за сместување во 1/3 соба
- – Второ дете до 12 год. ПОПУСТ од 50% од цената на аранжманот за сместување во ¼ соба
- -Попуст за трето возрасно лице или дете над 12год – 20% попуст
- – Дете до 5 год. кое не користи кревет – ГРАТИС (доплата за превоз 20 евра ).
* Намалување за патување со сопствен превоз – 10 евра.
* Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место
Попустот важи за сместување со две возрасни лица
Поаѓање за Црна Гора:
- Скопје (Дрво Декор) – 05.00 часот
- – Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.
- – Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.
- – Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- – Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување.
- Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
- Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10 евра во правец ( освен седишта 1 и 2)
НАПОМЕНА
- Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.
- Секоја промена на резервација се наплатува 10 евра,
- Сместувањето на првиот ден е по 14часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот
- За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
- Се патува согласно моменталните протоколи за превоз.
- За време на патувањето во автобус задолжително е носење на маска со која се покрива устата и носот. Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група, и да ги почитуваат правилата и препораките.
- ТА не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернер конекцијата во објектите.
- При промена на цените ( зголемување или намалување) нема да се менува цената на веќе договорената услуга.
- За резервација со попуст за рана уплата , 50% од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на правење на резервацијата, доплата до 01.04.2022.
- За резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21ден пред поаѓање.
- Патникот во секој момент може да се откаже од аранжамот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.
- Во случај на отказ на резервација уплатена со ковид ваучер, на патникот ќе му се издаде нов ваучер со намалени отказни пенали.
- Во случај на околности предизвикани од ковид пандемијата како затварање на граници или при позитивен пцр тест на патникот му се издава нов вредносен ваучер.