Вилата „Evi II“ е лоцирана во самиот центар во Неа Каликратија, на само 120 метри метри од морето. Вилата е поставена на самата улица која води дирекно кон плажата  меѓу изобилство продавници, маркети и пекари, гиро и ресторани. Располага со пространи студија и апартмани кои се наоѓаат на прв и на втор спрат, а за претстојната сезона понудата во оваа вила е збогатена со нови студија и апартмани.

  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10  ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!

НАПОМЕНИ:

  • Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни или електрично решо, фрижидери и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената
  • Во апартманите има постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена.
  • Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сопствен бојлер, а вилата е покриена со безжичен интернет.
  • Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
[contact-form-7 id="1325" title="Contact Form"]