Вилата „Evgenia“ се наоѓа на само 20 метри од плажата во централниот дел на Јерисос, на третиот крак Атос. Апартманите се наоѓаат на прв и на втор спрат од вилата, сите се комплетно нови, втора година се во употреба и имаат целосно нов мебел. Сите  имаат комплетно опремени кујни со електрични шпорети со рерни и фрижидери со одделни комори за замрзнување, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената (петкреветните дуплекс апартмани имаат телевизори и клими во секоја спална соба).Сите сместувачки капацитети имаат по две тераси со поглед во дворот на вилата или со поглед на улица. Постелнината и крпите се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет.Агенцијата организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила. Во вилата е забрането внесување на домашни миленичиња. 

– Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз 

  • – Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети 
  •  – Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • – Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • – Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
[contact-form-7 id="1325" title="Contact Form"]