- NOMAD - https://nomadtravel.mk -

Villa Evangelia – Јерисос

 40.399252, 23.880963

BLACK FRIDAY (24.11.2023-27.11.2023)
попуст – 30 % за целосна уплата

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.

Куќа “Evangelia“ се наоѓа на одлична локација, на само 50 метри од прекрасната песочна плажа, во мирна уличка, а многу блиску до главната улица во Јерисос. Во куќата располагаме со5 наши апартмани на прв и втор кат, реновирани и средени за лето 2023. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Куќата располага со убаво среден сопствен двор со зеленило, цвеќиња, сопствена ѕидана скара и маси и столови во дворот. Има паркинг веднаш зад куќата.

Апартман број 2 (1/4+1) – втор кат. Има одвоена спална соба со брачен кревет,  2 стандардни кревети + 1 помал кревет за дете до 12 години во дневна соба со одлична кујна, која ги има сите потребни елементи . Апартманот има долга, но многу тесна тераса која гледа кон градина. Од двете соби се излегува на терасата. Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет.

Апартман број 3 (1/3+1) – втор кат. Квалитетен апартман со одвоена спална соба со брачен кревет, а еден стандарден и еден кревет на извлекување во дневна заедно со целосно опремена одлична кујна. Пространа тераса со страничен поглед море. Од двете соби се излегува на терасата. Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет.

Апартман број 4 (1/6+1) – прв кат. Најпростран и најголем апартман во вилата. Има одвоена спална соба со брачен кревет и еден единечен стандарден кревет. Дневната соба е со целосно опремена кујна,  има единечен кревет + кревет на извлекување и софа на пуштање ( димензија на брачен кревет) . Има пространа голема тераса со поглед позади со маса и столчиња и сопствен тоалет. Од двете соби се излегува на терасата.

Апартман број 5 (1/4) – прв кат, со поглед кон градина, има многу тесна, но долга тераса со маса и столови. Апартманот е простран и  има брачен кревет во одвоена спална соба и 2 единечни стандардни кревети  во кујна која е со сите потребни елементи. Од двете соби се излегува на терасата. Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет.

Апартман број 6 (1/3+1) – прв кат, простран одличен апартман со страничен поглед море со голема тераса. Од двете соби се излегува на терасата. Располага со брачен кревет во одвоена спална соба и 1 стандарден + 1 еден кревет на извлекување заедно со кујна. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет и кујна со сите потребни елементи.

1.Вонсезонски цени

ТерминНоќевањаЦена по лице апартман бр. 4Цена по лице апартман бр. 2,3,5 и 6
26/05-02/06799109
02/06-09/067109129
09/06-16/067139169
16/06-23/067169209
23/06-30/067179229

* Задолжително плаќаат 2 лица во апартман бр. 2,3,5 и 6

* Задолжително плаќаат 3 лица во апартман бр. 4

2.Сезонски цени

ТерминНоќевањаАпартман бр. 2 и 5 градинаАпартман бр. 3 и 6 мореАпартман бр. 4 градина
30/06-07/077469499539
07/07-14/077499529569
14/07-21/077529559599
21/07-28/077529559599
28/07-04/087529559599
04/0811/087529559599
11/0818/087529559599
18/0825/087529559599
25/0801/097509539579

* цена за наем на апартман

3.Вонсезонски цени

ТерминНоќевањаЦена по лице апартман бр. 4Цена по лице апартман бр. 2,3,5 и 6
01/0908/097169219
08/0915/097149179
15/0922/097109129
22/0929/09789109

* Задолжително плаќаат 2 лица во апартман бр. 2,3,5 и 6

* Задолжително плаќаат 3 лица во апартман бр. 4

Напомени и услови: