Објект сместен на левата страна од Полихроно, во мирен дел, на околу 200 метри од плажа. Во близина на вилата се наоѓаат таверни и мини-маркети. Вилата располага со двоспални апартмани со комплетно опремена кујна и дневна соба, одделена од две засебни спални соби, ТВ, клима уред (користењето е вклучено во цената), тоалет, балкони, како и двокреветни и трокреветни апартмани на приземје, прв и втор спрат, со мини кујна комплетно опремена.

Цени:

  • – Се дадени по лице, за минимум две платежни лица, за 7 ноќевањасо вклучен организиран превоз, по курс од 1€ = 61.8 ден
  • – За аранжман со сопствен превоз се одобрува 25€ од вкупната цена по лице
  • – Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа директно во објектот
  • – За период 15.06-01.07, за аранжмани со сопствен превоз, цената е следна: за 1/2 апартман = 30€ од ноќ, за 1/3 апартман = 35€ од ноќ, за 1/4 апартман = 45€ од ноќ, за 1/4+1 апартман = 47€ од ноќ.

Сместување:

  • – Во сите типови на апартмани дозволено е сместување на онолку лица колку што има кревети
  • – Трето лице или деца над 5 год. имаат бесплатно сместување во 1/3, 1/4 или 1/4 +1 апартман, возрасни плаќаат само превоз 25€, деца од 5 до 12 год. само превоз 20€
  • – Едно дете до 5 год. може да се смести бесплатно во кревет со родител во 1/2 или 1/4 (плаќа само превоз 20€) со добиено одобрение од агенцијата и сопственикот на објектот

Превоз:

  • – Секоја недела поаѓање од Битола во раните утрински часови. За времето на поаѓање патниците ќе бидат известени 2 дена пред поаѓање. Враќање во времето одредено од пратителот на групата.
  • – Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да минува автобус
  • – Цена за само автобуски превоз на наведените термини изнесува 25€ по лице
  • – 5€ доплата за пакет аранжман по лице со превоз од Охрид, Струга и Ресен и 10€ од Кичево

Напомена:

  • – За резервација потребна е аконтација од 30% од вкупниот износ на аранжманот, додека останатите 70% од износот треба да се доплатат најдоцна 7 дена пред поаѓање.
  • – За сите нови резервации, во случај да не може да се организира патувањето поради виша сила, агенцијата гарантира рефундација на уплатените средства
  • – Во случај на откажување на аранжманот од страна на патникот, дозволена е промена на патници, доколку патникот најде замена, во било кој временски период до поаѓање.
  • – Задолжително е здравствено и патничко осигурување и е одговорност на патникот да го набави во туристичка агенција или осигурителна компанија
  • – Патниците се одговорни за валидноста на нивните документи за влез во Грција, освен ако истите се во организација на агенцијата (PCR тест и PLF формулар).
  • – Патниците се одговорни за важноста на нивните патни исправи, како и за бројот на искористени денови за престој во ЕУ (максимум 90 дена во временски период од 180 дена).
  • – Агенцијата не е одговорна за интензитетот и квалитетот на интернет врската во сместувачките капацитети во текот на престојот на гостите, како и за периодите со топла и ладна вода и притисок на вода, кои зависат од инфраструкутрата на дестинацијата.
  • – За аранжманот важат “Општи услови за патување за агенции членки на СКТМ” објавени на официјалната интернет страна на СКТМ
  • – Со потпишувањето на договорот за патување, патникот потврдува дека е свесен за ризиците кои може да произлезат од патување во време на пандемија и дека за истите агенцијата не сноси никаква одговорност

Куќен ред:

  • – Студијата/апартманите се напуштаат во 08:00 часот, во студијата се влегува после 14:00 часот
  • – Гостите се сместуваат во претходно подготвени и уредени соби, со обврска сами да се грижат за редот и хигиената на истите во текот на престојот. По завршувањето на престојот гостите се обрзани да ги остават студијата/апартманите во пристојно чиста состојба.
  • – При употреба на клима уредот се молат гостите да ги затвораат вратите и прозорците.
  • При напуштањето на студијата/апартманите се молат гостите да го исклучуваат клима уредот. Во спротивно, сопствниците на сместувачките капацитети имаат право да го забранат користењето на услугата.
  • – Гостите се должни да ги остават апартманите и студијата во иста состојба како што ги затекнале. Опремата во студијата/апартманите и на терасите да биде неоштетена. Инвентарот мора да биде на број.
  • – Во случај на направена штета или губење на клучеви, гостите се должни да ја надокнадат штетата и да платат кај сопствениците на сместувачките капацитети пред заминување.
  • – Во случај на забелешки во врска со сместувањето или евентуални проблеми настанати во текот на престојот, гостите се должни да ја пријават забелешката или проблемот кај сопствениците на сместувачките капацитети и претставнците на агенцијата во текот на нивниот престој.
  • Агенцијата не сноси одговорност за забелешки и проблеми пријавени после завршувањето на престојот на гостите
[contact-form-7 id="1325" title="Contact Form"]