АММОС АПАРТМАНИ – КАЛИТЕА

Aммос Апартманите се од “B” категорија и се наоѓаат на шеталиштето во строгиот центар на Калитеа. Од вилата до градската плажа има неколку минути пешачење или 200метри удолница. Под самите апартмани се наоѓа бутик и продавница како и канцеларија за прием на гостите и оставање на багаж. Исто така, во вилата има wi-fi.

Вилата располага со студија на високо приземје и спрат (трокреветни, четворокреветни и едно 6то креветно студио) опремени со кујна, клима (вклучена во цената) , ТВ, wc  и балкон која гледа према шеталиштето или задната страна на вилата.

На промо цените НЕ следува попуст за рана резервација и 2 последователни термина 

-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И 50% УПЛАТЕНИ ДО 31.03.2021

Првите два и последните два термина се ПРОМО ЦЕНИ и не подложат на попуст

Термини за тргнување во недела

Термини за тргнување во сабота

– Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Калитеа чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја Недела или Сабота)

  • Скопје (Дрводекор) – 35еур по лице
  • Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 40еур по лице
  • Струмица (БП Макпетрол кај нов кружен тек)-Трансфер до Удово – 40еур по лице
  • Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35еур по лице
  • Удово (бензинска пумпа Удово) – 35еур по лице
  • Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35еур по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Прилеп за Халкидики:

  • Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон – 30еур по лице
  • Прилеп (БП Салида) Трансфер до Битола – 30еур по лице
  • Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола – 35еур по лице
  • Кичево (БП Пуцко Петрол) Трансфер до Битола – 35еур
  • Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 35еур по лице
  • Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 30еур по лице
  • Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена за Скопје, 15еур Битола и Прилеп
  • Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште
  • Возрасни лица над 63год – 10еур попуст
  • Агенцијата го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70%   

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

  • *За уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин (овој попуст не е важечки за промо термините)
    * попустите не може да се комбинираат,
  • *Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во легло со родител
  • *Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
  • *Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
  • *Важат Општите услови на СКТМ

[contact-form-7 id="1325" title="Contact Form"]