Лефкада е остров на Јонскиот Архипелаг, кој се наоѓа јужно од Крф и североисточно од Кефалонија, а со континенталниот дел на Грција е поврзана со подвижен мост. Лефкада со причина ја нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името; сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите,чемпресите,шаренилото на цвеќињата,маслиновите дрвја.. Големиот број на таверни, барови, ресторани ќе го направат Вашиот одмор уште попријатен. Најпознатите и најубави плажи на островот Порто Кацики, Егремни, Милос, Катисма…со својата убавина никој нема да го остави рамнодушен. Нидри е најголем и најпознат туристички град кој се наоѓа на југоисточниот дел на островот. Сместен е во залив опкружен со малите островчиња Мадури, Меганиси, Скорпио кои се сопственост на Оназис. Ова летовалиште изобилува со продавници, таверни, ресторани, кафулиња и има долга градска плажа. Покрај пристаништето во кое се закотвени бродовите кои крстарат околу островот и превезуваат капачи до другите островчиња, тука се наоѓа и марината за јахти која претставува совршено уточиште на многубројните наутичари и едриличари.
Вила Афродити Б кат. – Нидри – на самиот брег, 300 метри од плажа, во непосредна близина на центарот, многуте таверни и шеталиштето, уреден двор со зеленило и мала пицерија, рецепција, прикладни места за паркирање во близина. Студијата се опремени со мали кујни, тоалет, ТВ, клима ВКЛУЧЕНА во цена, тераси, чистење на апартманите на 3 дена. Студиата се со традиционален дизајн , со различна големина , некои се со поглед на море.
10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ И УПЛАТИ ДО 30.04.2022

Време на поаѓање кон Грција:
- 01:00 h Скопје (Дрводекор)
- 01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
- 12:45 h Штип (паркинг пред пошта)
- 02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново)
- 03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лукоил)
- 04:00 h Битола (Спортска сала)
- 03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
- 02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
- 02.15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансвер до Битола
- 02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)
Време на заминување од Грција:
(времињата се по МК време)
Бус Лефкада
Агиос Никитас 12.30 часот
Нидри 13.00 часот
Никиана 13.30 часот
Канали 14.15 часот
Бус Парга-Врахос
Врахос 13.00 часот
Амудиа 13.15 часот
Парга 13.45 часот