Со богата култура, многубројни историски знаменитости и зачудувачка архитектура, Виена претставува исклучително наследство на познати музичари, уметници, поети и архитекти. Поставен благодатно на источните брегови на реката Дунав, главниот град на Австрија е полн со блескави палати, барокни замоци и збирка од музеи и споменици што треба да се истражуваат. Без разлика дали барате места за посета во еден или пак во повеќе денови, овој елегантен град нуди голем избор на туристички атракции.

Програма

1

1 Ден: 29.12.2022 (четврток) Скопје – Виена

Состанок на групата во 13:30 часот и поаѓање за Виена во 14:00 часот од Дрводекор. Се патува преку Р.Србија и Р.Унгарија со кратки попатни паузи за царински формалности и одмор.

2

2 Ден: 30.12.2022 (петок) Виена

Пристигнување во Виена во претпладневните часови. Одиме во посета на Outlet-от Parndorf каде што ќе имате слободно време за шопинг. Во договорено време, патувањето го продолжуваме кон Виена. Се сместуваме во хотел. Слободно индивидуално време. Ноќевање.

3

3 Ден: 31.12.2022 (сабота)

Појадок. По појадокот, предлагаме факултативен разглед на градот со туристички водич : Операта, Палатите на дворецот Хофбург, Музејот на модерна уметност, Парламентот, Градското собрание, Рингштрасе, дворецот Белведере, катедралата Св.Стефан и Стефанплац. По разгледот, се враќаме во хотел. Слободно индивидуално време. Во договорено време, се упатуваме на Дочек на Нова Година на централниот градски плоштад. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

4

4 Ден: 01.01.2023 (недела)

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и можност за организирана факултативна посета на внатрешноста на дворецот Шенбрун и негов разглед со водич и вклучена влезница. Еден од најважните културни споменици во Австрија и до 1960 година бил една од најголемите туристички атракции во Виена. Дворецот и градините ги илустрираат вкусовите, интересите и аспирациите на сукцесивната Хабсбуршка династија. Слободно време за посета паркот на дворецот. По разгледот, посета на Дунавската кула која е висока 150 метри и овозможува прекрасен панорамски поглед на Виена. Во договорено време, поаѓање кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови на 02.01.2022 (вторник).

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 179 ЕВРА ПО ЛИЦЕ
ПРОМО ЦЕНА: 149 ЕВРА ПО ЛИЦЕ ЗА УПЛАТИ ДО 15.11.2022

Во цената е вклучено:
– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
– 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Виена
– Посета на аутлетот Parndorf
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

Во цената не е вклучено:
– Разглед на Виена со локален водич -15 евра
– Факултативен излет на внатрешноста на дворецот Шенбрун со вклучена влезница и негов разглед со локален водич – 45 евра
– Посета на Дунавската кула со вклучена влезница -25 евра
– Доплата за трансфер (10 евра во два правци по лице) од Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково), Велес и Штип
– Патничко осигурување 

НАПОМЕНА:

– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума, а остатокот се доплаќа најдоцна 7 дена пред поаѓање
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– За овој аранжман важат општите услови на патување 

[contact-form-7 404 "Not Found"]