Алпски рај и еден од најелитните ски центри во југоисточна Франција, со повеќе од 600 километри обработен терен за скијање/бордање. Љубителите на скијањето имаат на располагање 430 стази со 1300 топови. 25те  планински врвови се поврзани со 200 ски лифтови, сонадморска височина од 1.300 до 3.250 метри. Цетарот има капацитет од превезување на 300.000 луѓе на час, помеѓу сите осум населби и 13 ски – центри. Тука се и 6-те глечери со надморска височина од над 3.000 метри, а на нив скијачка сезона трае во текот на целата година. Сместувањето е во Val Thorens. Место со одлична Apres-skiзабава.   

Термин:VAL THORENS –LES 3 VALLES  од 619
 2601.2024               Ski F R A N C E  2024
 Број накревети  
Тип на сместување  65432
СТУДИО-КАБИНА      “REINE BLANCHE” 112,                      4 лица  649699825
СТУДИО-КАБИНА      “REINE BLANCHE”58,                         4 лица  659709829
СТУДИО-КАБИНА      “REINE BLANCHE”9,                           4 лица  649699825
СТУДИО-КАБИНА      “REINE BLANCHE”23,                         4 лица  669729859
СТУДИО-КАБИНА      “REINE BLANCHE”52,                         4 лица  669729859
СТУДИО-КАБИНА      “REINE BLANCHE”86,                         4 лица  669729859
СТУДИО, “SCHUSS GROUP” 209,                                           4 лица  619659749
СТУДИО-КАБИНА  “LAUZIERES” 111,                                   4 лица  649699825
СТУДИО-КАБИНА  “JOKER GROUP” 14,                               4 лица  629679779
АПАРТМАН, “SCHUSS GROUP” 12, 2 Соби                          6 лица629659699  
АПАРТМАН, “BEAU SOLEIL” 7, 3 Соби                                 6 лица669709769  
ДУПЛЕКСАПАРТМАН, “REINE BLANCHE”115, 3 Соби      6 лица699759829  
ДОПЛАТА ЗА 3 ДОЛИНИ SKI PASS (600 км) : 45 евра

*Цените се дадени за пакет аранжман во евра по лице. Плаќање исклучиво во денари според курсот 1€=62 мкд

Програма:

1 ден-петок.СкопјеVal Thorens Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 06:30 часот. Поаѓање за Val Thorens во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.

2 ден-сабота. Val Thorens: Пристигнување во пладневни/попладневните часовии сместување во апартманите помеѓу 15.00-20.00 ч. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање.

3–8 ден. Val Thorens: Шест дневно скијање во Val Thorens/Orelleили “Les 3 Vallees”. Ноќевање

9. ден-саботаVal ThorensСкопје: Напуштање на собите до 09:30. Клучевите се предаваат на водичот. Поаѓање за Скопје со попатна посета (2 часа) на еден од најголемите шопинг outlet центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано. (Нема можност за заверување на Tax free на Хрватска граница поради долгата процедура која може да трае повеќе од 2 ч.)

10 ден – недела. Скопје: Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

Во цената на пакет аранжманот e вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје–Val Thorens–Скопје
  • 7 дневно сместување во одбрани студиа / апартмани според ценовникот,  во Val Thorens
  • 6 дневен скипас за стазите на Val Thorens/Orelle (150 км стази).
  • Туристички пратител за време на турата

Во цената на пакет аранжманот НЕ Е вклучено:

  • Доплата за “3 Долини ски пас” (600 км стази) изнесува  45 по лице.Задолжителна предрезервација припријавувањето и плаќање во агенција.
  • Постелнина и крпи.
  • Завршно чистење на апартманите.
  • Задолжително патничко осигурување со вклучен додаток од спортски ризик: 800 ден.
  • Задолжителна Туристичка такса 15€ по лице за цело време на престој. Се плаќа во агенција, во денари.

За ова патување важат Општите услови за патување

Важни завршни напомени

  1. Дадената цена е Пакет цена по лице во зависнот од бројот на лица и тип на сместување, за максимално даден број на лица во студио и апартман, за 7 ноќевања, 6 дневна стандардна ски карта и вклучен автобуски превоз.
  2. РЕЗЕРВАЦИЈА:
  • Резервација за аранжманот е со задолжителна уплата од 10.000 денари по лице, остатокот се доплаќа НАЈДОЦНА до 15.Декември 2023.                                                         Можност да се плати на 6 рати без камата, информации во агенција. 
  • Со самата резервација и платен депозит, странките добиваат Договор за патување со сите податоци за патувањето,типот на сместување, разни доплати како и Општи услови за патување.
  • Уплатата може да се плати во готово или со кредитна/дебитна картичка, или вирмански преку банка.
  • Постои можност да се спојат индивидуалните патници во повеќекреветно студио/апартман, како не би плаќале поскапо. Агенцијата може да посредува, но НЕ и да гарантира при ваквите случаи.

Затоа, дефинитивниот тип на студио/апартман и дефинитивната цена ќе зависи од бројот на лицата кои остануваат и типот на студиото/апартманот кој е одбран. Странките однапред се согласни за овие услови и наведени цени по лице, без право на откажување.

  1. Според Шенгенските правила, Македонски пасош мора да има важност од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната (датум на враќање во Скопје).
  1. За реализација на патувањето потребно е минимум 40 патници.
  2. Агенцијата не може да влијае на катност, поглед, локација или одреден објект. Тоа е во рамките на локалната агенција. Одредени  желби на патниците, како за сместување во еден објект на повеќе студиа/апартмани, агенцијата ќе ги проследи до партнерската агенција, но не гаранти за исходот.
  3. Агенцијата го задржува правото за промена на цената доколку дојде до зголемување на цените на услугите (гориво, сместување, ски пас… ) за кои агенцијата не може да влијае.
  1. FIRST MINUTE  цена важи до објавениот датум во ценовникот.

После тој датум цената се зголемува за 50€ по лице, без оглед на тип на сместување.

  1. Патниците се должни 48 часа пред патување да го проверат часот и местото на поаѓање.
  2. Багаж: Секој патник може да понесе 1 личен багаж (куфер или торба), 1 пакет ски или борд опрема сместени во багажник на автобус и 1 мала кабинска торба/ранец за пат во автобус.
  3. Распоредот на седишта во автобус е според датумот на уплата.
  4. Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот во случај на недоволен број на лица, најдоцна 5 дена пред тргнување. Во  таков случај, уплатените средства во целост се враќаат исклучиво  на трансакциска сметка на лицето кое уплатило, според законот за платен промет.
  5.  Лицето кое има резервација должно е да ја уплати целосната сума на аранжманот најдоцна до наведениот датум (15.12.2023) Доколку лицето не ја изврши уплатата до крајниот рок резервацијата ќе биде автоматски откажана а уплатените средства како аванс ќе бидат неповратни.

ОТКАЗНИ ТРОШОЦИ:

  1.  Откажување од патувањето може да се направи исклучиво по писмен пат, доставен до Агенцијата, со образложение за отказот. Отказните трошкови се во согласност со Отказните трошкови на локалниот партнер, на кои Агенцијата не може да влијае.

>Трошоци за откажување на патувањето кои се задржуваат:

                                          i.    Од моментот на пријавување до 8 недели пред поаѓање20% од цената

                                         ii.    8 – 6 недели пред поаѓање30% од цената

                                        iii.    6 – 4 недели пред поаѓање50% од цената

                                       iv.    4 недели и помалку пред поаѓање100% од цената

  1.  Постелнина и крпи: Во цената не се вклучени крпите, постелнина, тоалет хартија, сапуни, шампон во студијата и апартманите, а истите може да се изнајмат на денот на пристигнување по цена од: 14€ – единечна постелнина или 16€ -брачна постелнина и 14€ за сет крпи (2 за купатило, 1 за под, 1 за кујна), по лице. Сет за чистење: 5€. Детско креветче 50€. Потребно е да се резервира и уплати за крпи и постелнина при резервација во агенција (подоцна неможе да гарантираме достапност).   Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свои.
  2.  Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува: 350€ по студио за 4 лица или 400 евра по апартман за 4 лица. Се плаќа при пристигнување, непосредно пред сместувањето. Плаќањето е исклучиво со резервирање на средства во висина на депозитот од  кредитна картичка (VISA или MASTERCARD).Депозитот на крајот од сместувањето се деблокира, доколку апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети), и  гостите ќе го добијат блокираните средства наредните денови (најдоцна до 30 дена, во зависност од банката). Во случај на било какви оштетувања во студиото/апартманот при сместување, гостите се должни да достават писмена забелешка до локалната агенција во рок од 48 часови. 
  3.  Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, па патниците се задолжени за средување на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како  пред сместувањето. Можно е да се организира чистење но со пријава и плаќање при пријавување.
  4.  Цена за чистење: Студио за 4 лица:75€, Студио со кабина за 4 лица: 85€, Апартмани со 2  соби за 6 лица: 95€.
  5. Сите дополнителни услуги мора да се резервираат при пријавување во агенција и истите се плаќаат на лице место при сместување.
  6. Цената на депозитот и дополнителните услуги може да биде променета.
  7. Влез во објект: од 17.00        Напуштање на објект: 08.00 – 10.00
  8. ВАЖНА НАПОМЕНА: ПАТНИЦИТЕ ТРГНУВААТ ИСКЛУЧИВО ОД ПРЕДВИДЕНОТО МЕСТОТО НА ПОАЃАЊЕ ВО СКОПЈЕ, А ВРАЌАЊЕТО ОД ПАТУВАЊЕТО Е ПОВТОРНО ДО ИСТОТО МЕСТО ОД КАДЕ ШТО ТРГНАЛЕ ВО СКОПЈЕ. НЕ Е ВОЗМОЖНО ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ГРУПАТА ОД БИЛО КОИ ПОПАТНИ МЕСТА ВО ОДЕЊЕ, КАКО И НАПУШТАЊЕ НА ГРУПАТА НА БИЛО КОИ ПОПАТНИ МЕСТА ПРИ ВРАЌАЊЕ, НИТУ ПАК КОРИСТЕЊЕ НА АВТОБУСКИОТ ПРЕВОЗ САМО ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ, СОГЛАСНО МАКЕДОНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ ЗАКОН ЗА ТРАНСПОРТ НА ЗАТВОРЕНА ГРУПА.

НЕХАР ТРАВЕЛ Ви посакува пријатно патување и убав зимски одмор во Франција!

Генерален опис на  Студиата и Апартманите во Val Thorens

Апартманите и студијата во понудата се наоѓаат во различни резиденции/згради по должината на целата населба. Се разликуваат по површина и опременост, секој апартман е со различен мебел, опременост, квадратура и содржина.  Под терминот Кабина се подразбира влезен хол или мала просторија со или без завеса. Сместувањето на гостите во студиата/апартманите е во рамките на локалната агенција. Агенцијата не може да влијае на локација, катност, поглед за истите, повеќе од наведеното и одбраното во агенција. Студиата и апартманите се непушачки.

                              Residence “REINA BLANCHE:   SKI IN- SKI OUT    

Резиденцијата REINA BLANCHE е сместена во мирниот дел Arolles, блиску до одморалиштето и Caron  шопинг центарот и спортскиот центар на само 200 м. Во близина продавници, ресторани. Резиденција е сместена  во подножјето на ски пистите. Лифт.Локација на мапа 72/C3.

  *  СТУДИО – Кабина (112)  за 4 лица , 30м2, 3-ти спрат, балкон, јужен поглед                                                                                                                                                                 

Кујна отворена кон дневна соба: рерна, електрични рингли, фрижидер, машина за миење на садови.

Дневна соба: Маса, столици. ТВ.

Спална соба: Софа за седење која се претвара во голем кревет за 2 лица. Собата е одвоена од дневната соба со шибер врата.

Кабина: Посебна мала просторија со 2 единечни кревети на спрат.

Купатило: када, лавабо, сушач за крпи.

Тоалет: посебна просторија.
  *  СТУДИО – Кабина  (АПАРТМАН) (58) , 2 соби за 4 лица , 30м2, приземје, балкон, јужен поглед                                                                                                                                                                 

Кујна отворена кон дневна соба: микробранова печка, ел. рингли, фрижидер, машина за миење на садови.

Дневна соба: Софа за седење, маса, столици. ТВ.

Спална соба: Тросед, клик клак систем за отварање-голем кревет за 2 лица. Спална одвоена од дневната соба со завеса.

Кабина: 2 единечни кревети на спрат.

Купатило: туш кабина, лавабо.

Тоалет: посебна просторија.

  *  СТУДИО – Кабина (9),  за 4 лица 29м2, 3-ти спрат, балкон, јужен поглед                                                                                                                                                                 

Кујна отворена кон дневна соба: микробранова печка, рерна, ел. рингли, фрижидер, машина за миење на садови.

Дневна соба: Софа за седење, маса, столици. ТВ.

Спална соба: 2 единечни кревети. Спалната соба е одвоена од дневната соба со завеса.

Кабина: 2 единечни кревети на спрат. ( или софа во дневна која се претвара во 2 единечни лежаи)

Купатило: када, лавабо.

Тоалет: посебна просторија.

  *  СТУДИО – Кабина (23),  за 4 лица 30м2, приземје -2, лифт, балкон, југозападен поглед, реновирано                                                                                                                                                                 

Кујна отворена кон дневна соба: комбинирана микробранова печка, керамички рингли, фрижидер, машина за миење на садови.

Дневна соба: Софа за седење, маса, столици. ТВ.

Спална соба: во рамки на дневната соба со голем кревет за 2 лица

Кабина: 2 единечни кревети на спрат, се затвара со врата.Не се погодни за деца под 6 год.

Купатило: када, лавабо.

Тоалет: посебна просторија.

  *  СТУДИО – Кабина (52), за 4 лица 29м2, приземје, лифт, балкон, јужен поглед                                                                                                                                                                 

Кујна отворена кон дневна соба:микробранова печка, класичен шпорет, керамички рингли, фрижидер, машина за миење на садови.

Дневна соба: Софа за седење кои се претвараат во 2 поединечни лежаи, маса, столици. ТВ.

Спална соба (Кабина): Мала спална соба со 2 единечни кревети.

Купатило: туш кабина, лавабо.

Тоалет: посебна просторија.
  *  СТУДИО – Кабина (86), за 4 лица 26м22-спрат, лифт, балкон, североисточен поглед                                                                                                                                                                 

Кујна отворена кон дневна соба: класичен шпорет, керамички рингли, фрижидер, машина за миење на садови.

Дневна соба: Софа за седење кои се претвараат во 2 поединечни лежаи, маса, столици. ТВ.

Спална соба (Кабина): Одвоена од дневната соба, голем кревет за 2 лица

Купатило: туш кабина, лавабо.

Тоалет: посебна просторија.

  *  ДУПЛЕКС АПАРТМАН (115), 3 соби за 6 лица60м2 од кои 19м2 се на спрат  висина од 1.8м, 4ти спрат, лифт, балкон, југоисточен поглед. Прекрасен  апартман                        во вистински  планински стил!                                                                                                                                                                 

Кујна отворена кон дневна соба: микробранова печка, класичен шпорет, керамички рингли, фрижидер, машина за миење на садови.

Дневна соба: Софа за седење, маса, столици, ДВД систем, ТВ.

Купатило: туш кабина, тоалет.

Тоалет: посебна просторија.

Спрат:  Спална соба бр.1:Софа која се претвара во  2 единечни лежаи.

Спрат: Спална соба бр.2: 1 голем кревет за 2 лица + мала соба одвоена со завеса во која има                      2 единечни кревети.

Residence SCHUSS group:

Резиденцијата SCHUSS е сместена во мирен сончев кварт Пеклет во горниот дел од скијалиштето. непосредна близина на жичари (100м), продавници, шопинг центар, игралиште за деца. Локација на мапа: 78/F3

*  СТУДИО  (209) за 4 лица25м2, балкон: Генерално опремени:                                                                                                                                                                                                                                                                                                                              

Кујна отворена кон дневна соба: класичен шпорет, керамички рингли, фрижидер, машина за миење на садови.

Дневна соба: 2 Софи за седење која се претвара во лежаи за 2 лица, маса, столици,  ТВ. Во влезниот дел ос студиото има  2 единечни кревети на спрат.

Купатило: туш кабина (када), лавабо.

Тоалет: посебна просторија.

*  АПАРТМАН  (12), 2 соби за 6 лица 35м2, балкон:  Генерално опремени:                                                                                                                                                               

Кујна отворена кон дневна соба: микробранова печка, класичен шпорет, електрични рингли, фрижидер, машина за миење на садови.

Влезен дел: 2 единечни кревети на спрат.

Дневна соба: Софа за седење која се претвара во 2 единечни лежаи, маса, столици,  ТВ.

Спална соба: 1 голем кревет за 2 лица

Купатило: када, лавабо.

Тоалет: посебна просторија.

Residence JOKER group:30 метри од ски стазите.

Резиденцијата JOKER е сместена на влезот на ресортот, во квартот Arolles, веднаш до автобуската станица и во близината на  Caron спортскиот и шопинг центар. Генерален опис. Локација на мапа 41/C3.

*  СТУДИОсо Кабина(14)  за 4 лица (14):25м2, 1-ви спрат, лифт, балкон со јужен поглед.   Кујна: мини печка, микробранова печка, керамички рингли, фрижидер, машина за миење на садови  >Дневна соба: ТВ, софа, маса со столици. Кабина1: 2 единечни кревети на спрат, Кабина2: 1 голем кревет за лица, отворено кон дневната соба. >Купатило: када и умивалник , Тоалет: посебна просторија.

Residence LAUZIERES group:

Резиденцијата LAUZIERES е сместена во самиот центар на скијалиштето, на 100м од жичарите.

*  СТУДИОсо Кабина (111)  за 4 лица,30м2, 1-ви спрат, лифт, балкон, јужен поглед:

Кујна отворена кон дневна соба: микробранова печка, 4 ел. рингли, фрижидер.

Дневна соба: Софа за седење, маса, столици.

Спална соба: 1 голем кревет за 2 лица, одвоено од дневната соба со завеса, ТВ.

Кабина: посебна просторија со 2 единечни кревети на спрат.

Купатило: туш кабина (када), лавабо.

Тоалет: посебна просторија.

Residence BEAU SOLIEL group:

Резиденцијата BEAU SOLEIL е сместена на влезот на скијалиштето, во мирниот кварт Аролес. На 150м се наоѓаат продавниците, шопинг центарот, жичари.  Претежно фамилијарен објект.

* АПАРТМАН (7)  за 6 лица,3 СОБИ, 50м2, балкон, јужен поглед,:

Кујна отворена кон дневна соба: микробранова печка, шпорет со ел. рингли, фрижидер, машина за миење на садови.

Дневна соба: Софа за седење која се претвара во лежај за 2 лица, маса, столици, камин, ТВ.

Спална соба бр. 1: 1 голем кревет за 2 лица,

Спална соба бр. 2: 2 единечни кревети на спрат.  Не се препорачува за деца под 6 год.

Купатило: туш кабина, лавабо, машина за перење на алишта. Тоалет: посебна просторија.