Локација: хотелот е лоциран во непосредна близина на песочната плажа во Торони, една од најпопуларните песочни плажи на Ситонија, Халкидики.
Хотелски содржини: рецепција, ресторан, отворен базен, pool бар, snack бар, бежичен интернет (wi-fi), паркинг, рент а кар услуги, фитнес, мини маркет, SPA центар …
Сместување: Хотелот е организиран во два сместувачки дела од различна категорија.
Главна зграда **** -> 45 соби со поглед на базен и море. Собите се опремени со тераса/балкон, бања, клима, сателитска ТВ, телефон, мини бар…
Депанданс (Old wing **+) -> студио-соби на приземје, 1 и 2 кат. Собите се опремени со тераса/балкон, бања, мини бар, ТВ, клима уред …
Плажа: песочна плажа со beach bar
Услуга: полупансион (појадок и вечера)

ЦЕНОВНИК ЗА СЕЗОНА 2021

Легенда: RO – ноќевање, BB – ноќевање со појадок,  HB – полупансион (појадок и вечера)Цените се дадени по лице, за сместување на минимум 2 возрасни лица во соба.

  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
  • * Во основните цени не се пресметани попусти.
  • Цената со попуст за рани резервации е дадена во редот под основната цена (со црвена боја)
  • * За резервација потребна е уплата од мин. 30% од вкупната цена, а останатиот дел се доплаќа најдоцна 15 дена пред почетокот на аранжманските услуги  
  • *** (Освен за резервации СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА, кога условите се дефинирани поинаку, според забелешката подолу)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • * Сместување во избраниот хотел со услуга по избор според табелите: 7 полупансиони (појадок и вечера). 
  • * Трошоци за организација на програмата.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • * Туристичка такса од 1,5€ на ден по сместувачка единица се плаќа на рецепција по пристигнување (check in) во објектот.
  • * Превоз до местото на избраниот хотел во Грција (на барање, со доплата, може да се организира превоз до хотелите).
  • * Задолжително патничко осигурување.
  • * Услуги како користење лежалки и чадори на плажа итн. не се вклучени во цена, освен ако е наведено поинаку во деталните описи на хотелот. 
  • * Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ:

Цена на повратен автобуски превоз:  35 EUR (20 EUR за дете 02 до 12 год.)

Термини за автобуски превоз до СИТОНИЈА (според табелата)

Места и сатница на поаѓање:

  • – Скопје, во  04.00 ч.  (паркинг спроти хотеl Holiday Inn”)
  • – Велес, во  04.30 ч.  (бензиска пумпа, мотел Македонија)
  • – Неготино, во  05.00 ч.  (бензиска пумпа “Макпетрол”)
  • – Смоквица, во  05.30 ч.  (бензиска пумпа “BWO петрол”)
  • – Гевгелија, во  06.00 ч.  (бензиска пумпа, граничен премин)

Поаѓање од Грција: 

  • – Истите денови попладне 

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

  • * Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање, а се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување. 
  • * Бројот на лица кои се сместуваат во собите, треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето-агенцијата.
  • Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица. 
  • * Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и во објектот на престој.
  • * Цените со попуст, важат за резервации со минимум 50% уплата од износот во периодот на попуст.
  •  – Доплатата на вкупниот износ од договорената цена на аранжманот, се врши до 3 недели пред датумот на патување.
  • Уплатениот износ од 50%, не се враќа доколку патникот се откаже од патувањето. 
  • * При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
  •  * Во случај на објавување на т.н. “Last Minute” специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.  
  • * При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување. 

НАПОМЕНA:

  • – Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
  • – Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
  • – Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
  • Туристичка такса за престој се плаќа директно во хотел:-
  • -3*хотели: 1.50 € од соба од ноќевање

[contact-form-7 id="1325" title="Contact Form"]