Вила Торони Студиос (ex. Toroni Apartments) е објект со одлична централна локација, на сама плажа во Торони, место познато по прекрасната долга и широка песочна плажа, наградена со сино знаеменце заради својот квалитет и чистота. Вилата располага со убаво уреден двор, сопствен паркинг и скара. Во својот состав брои 12 сместувачки единици, студија за самопослужување од кои 6 се на прв кат, а 6 се на втор. Секое од студијата е опремено со одвоена кујна, со фрижидер, решо и прибор согласно капацитетот на собата, тоалет со туш, балкон, ТВ (рамен екран), клима (бесплатно), Wi-Fi интернет (бесплатно), брачен кревет и единечен кревет, во некој од студијата има можност за допoлнителен кревет на расклопување (со доплата 5€ од ден). Структурата на студијата е 8 соби со директен поглед кон море (STD SV), 2 со страничен поглед кон море (STD SSV) и 2 студија се со балкон на пролаз (STD ECO).Забелешки: вилата моментално е во процес на реновирање, дополнително ќе објавиме нови фотографии (нова фасада, реновирани тоалети и кујни, нова инсталација, нови душеци и постелнина, нови телевизори). За секоја соба има по 1 чадор и 2 лежалки бесплатно на плажа. Промена на постелнина на секои 3 дена. 

8 соби со директен поглед кон море (STD SV), 

ЦЕНА ЗА ЛЕТО 2022

Забелешки: студијата се постари, опремени во традиционален грчки стил како и повеќето вили од пониска категоризација во Грција, предност е нејзината локацијата, поставена на сама плажа.

Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.

– Цените се дадени за наем на студио без превоз за 7 ноќи/8 дена. 


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • * Сместување во Студио 7 ноќи


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • * Превоз до избраниот објект во Грција.
  • Задолжително патничко осигурување.
  • * Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….
  • * Туристичка Такса 0,50 центи по соба од ноќ
  • * ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА ПЦР ТЕСТ.  


НАПОМЕНИ:

  • – Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
  • – Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
  • – Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
  • – Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;
  • – Агенција го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • – Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување. 
  • – Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • – Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори.
  • – Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • – Превоз од  Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;
  • – Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
  • – Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
  • – Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.
  • – За овој аранжман важат Општите Услови на Патување


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • – За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на поефтиниот термин;
  • – Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год.
  • Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
[contact-form-7 404 "Not Found"]