- NOMAD - https://nomadtravel.mk -

Sol Azur Beach 4* – Хамамет

ЦЕНИ НА БАРАЊЕ

Локација: Хотелот се наоѓа во северниот дел на Хамамет. Оддалечен е околу 2 км од Стариот град (Медина). Од аеродромот во Тунис е 70 км и од Монастир 115 км.
Сместување: Хотелот Сол Азур беше целосно реновиран во 2014 година, а последното делумно реновирање се случи во 2017-2018 година. Хотелот располага со 276 соби сместени во главната зграда. Сите соби имаат клима, телефон, плазма телевизор, сеф, мини бар, чајник и сет за чај, бања со када или туш, фен, Wi-Fi.
Хотелски содржини: На гостите им е на располагање ресторанот „Sunshine“, главниот ресторан „Chich Khan “ (ресторанот се наоѓа на трет кат до кој се стигнува со лифт), a la carte ресторан, лоби бар, американски бар, бар покрај базен и бар на плажа.
Закуски се служат на барот покрај базенот и барот на плажата. Користењето на a la carte ресторанот „Berbere“ е бесплатно еднаш за време на Вашиот престој.
За деца има детско игралиште, трамболина, мини клуб (од 4 до 12 години) со интернационална анимација на дневна основа, мини диско. Во главниот ресторан има и детска трпезарија. Достапно е и детско мени, микробранова печка (на барање), блендер, детски столчиња за мали.
Менувачница, 9 конференциски сали, продавница за сувенири, паркинг, перење алишта за самопослужување: машини за перење, сушари, даски за пеглање и пегли (бесплатно), лекар на повик.
Плажа: Хотелот се наоѓа на сопствена песочна плажа. Лежалки и чадори се достапни без дополнителни трошоци, а крпи со депозит.