Софија, една од најстарите престолнини во Европа, со 1 300 000 жители, старото име и е Сердика, се наоѓа под планината Витоша, со многу знаменитости, шопинг центри….

Промо цена 69 евра по лице / 4278 мкд во 1/3 соба и 79 евра по лице/ 4898 мкд во 1/2 соба ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 13.11.2021

31.12.2021 (Петок)

Поаѓање за Софија во 06:00. Попатни паузи за одмор и царински формалности.

Пристигнување во Софија. Организиран разглед на градот со локален водич (градскиот плоштад, Цумот, Парламентот, Националниот и историски музеј, црквите Ротонда, Св. Софија, Св. Недела, Руската црква, Храмот Александар Невски со дванаесетте позлатени куполи, Дворецот на културата…. Сместување во хотел.Во вечерните часови, организирана Новогодишна забава во дискотека – (факултативно).Ноќевање.

01.01.2022 (Сабота)

Доцен појадок. Слободно време за индивидуални прошетки.Вечерта- факултативно прослава, забава во механа.Ноќевање.

02.01.2022 (Недела)

Појадок.Одјавување од хотелот во 10:30 часот.Организирана посета за шопинг на PARADISE CENTER, IKEA, RING MАLL и DECATHLON.Во 17:00 часот поаѓање за Скопје.Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Што е вклучено во цената

  • Превоз со високо туристички автобус,
  • Разглед со локален водич,
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3*
  • Организирана посета на PARADISE CENTER, IKEA и RING MАLL,
  • Придружник организација на патувањето

Што не е вклучено во цената

  • Патничко осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба
  • Туристичка такса 2 евра по лице за двете ноќевања
  • Дочек на Нова Година во Дискотека
  • Забава во механа 01.01.2022

Важно

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Задолжително за влез во Бугарија е потребно да поседувате сертификат за вакцинација (14 дена поминати од втората примена доза), или сертификат на прележано болест (од 11-тиот до 180-тиот ден од денот на оздравување), како и со негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа).
  • За влез назад во Македонија е потребно сертификат за вакцинација, документ за прележаност, пцр тест или антигенски тест.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето