8 ДЕНА / 6 НОЌЕВАЊА – АВИОНСКИ  ПРЕВОЗ

Познат како бисер на библискиот Синај, Шарм Ел Шеик ќе ве воодушеви со своите кристално чисти води, корални гребени, како и со шаренилото на богатиот подводен свет. Подгответе се за едно уникатно искуство, кое е совршен спој на море и земја, активности и опуштање.

Цена по лице во евра

Важна напомена:

  • Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни стандард соби
  • Други видови соби се достапни на барање и со доплата
  • Цените се подложни на промена во зависност од расположливост на места во авионот и хотелот
  • Цени за еднокреветна соба и за деца се добиваат дополнително
  • Плаќање исклучиво во денари 1 € – 62 ден
  • Плаќање при резервација 100% и нема можност за откажување, менување термин или менување имиња
  • За ова патување потребен е биометриски пасош со мин.6 месеци валидност од денот на враќање
  • За влез во Египет потребно е да имате сертификат за вакцина со поминати мин. 14 дена од втората доза пред влез во земјата, или ПЦР тест (не постар од 48 часа). Сите наведени сертификати се однесуваат за лица постари од 6 години.
  • За влез во Македонија потребен е сертификат за прележан COVID 19 во последните 45 дена сметајки од денот на оздравување, или примени најмалку 2 вакцини, или пак Антиген негативен тест или ПЦР негативен тест. Сите горенаведени потврди не се однесуваат и не се задолжителни за лица под 18 години.

Во цената се вклучени следните услуги:

  • ·          Повратна карта од Скопје (20 кг вклучен багаж по лице)
  • ·          Ноќевања во одбран хотел со услуга сѐ вклучено (All Inclusive)
  • ·          Аеродромски такси

Во цената не се вклучени следните услуги:

  • ·          Факултативни екскурзии
  • ·          Превоз од аеродром до хотел и обратно
  • ·          Патничко и здравствено осигурување
  • ·          Дополнителни трошоци во хотел (телефон, пијалоци…)
  • ·          Виза за влез во Египет $25 се добива на аеродром во Шарм Ел Шеик