21.04 Состанок на групата во 14:30 часот на паркингот A1 арена. Тргнувањето ќе биде во 15:00 часот. Следува возење преку Македонија и Грција со попатни паузи заради одмор и регулирање на граничните формалности.

22.04 Пристигнување во Атина – Пиреа, во утринските часови. Поаѓање за Санторини од пристаништето во 07:25 часот. Предвидено е пристигнување на Санторини во 15:30 часот, следува трансфер до сместувањето. До вечерните часови следува слободно време за одмор и индивидуални активности. Во попладневните часови е
предвидена факултативна посета OIA, каде ќе го дочекаме еден од најубавите и најпознатите залези на сонцето. Враќање во Хотел. Ноќевање.

23.04 Појадок. По појадокот следува целодневна посета на островот. Посета на Археолошкиот град Акротири, Црвената плажа, Мегалохори, Пиргос (највисокото населено место на Санторини) Имеровигли, Фиростефани. По разгледот се враќаме во Хотел. Ноќевање.

24.04 Појадок. По појадокот факултативно крстарење со брод, и посета на вулканските острови. Посета на новиот вулкан (на овој вулкан може да се влезе и се плаќа влез од 2,5 евра), потоа со бродот се упатуваме кон стариот вулкан (тука неможе да се влезе) каде постои можност да се бањате во термалните води. Враќање кон
старото пристаниште и се упатуваме (со магаре или жичара, се доплаќа 6 евра) кон Фира. Враќање во Хотел. Ноќевање

25.04 – Појадок. Напуштање на сместувачките капацитети. По напуштањето на сместувањето се упатуваме кон Фира. Следува трансфер до пристаниште. Испловување од пристаништето во 15:25 часот. Предвидено е пристигнување во Пиреа во 23:30 часот. Следува ноќно возење преку Грција, со попатни паузи заради одмор и регулирање на граничните формалности. Пристигнување во раните утрински часови во Скопје.

ЦЕНА ЗА КОМПЛЕТНИ УПЛАТИ ДО 04.04.2022 – 189 еур

Што е вклучено во цената

  • -3 ноќевања со појадок во 1/2, 1/3 и 1/4 соби во Хотел 3* во Периса
  • -Автобуски превоз со високо туристички автобуси (АC/TV/DVD) на релацијата според програмата
  • -Бродска карта на релација Пиреа – Санторини – Пиреа
  • -Пратител на групата за времетраење на аранжманот
  • -Организација на патувањето.

Што не е вклучено во цената

-Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување
-Факултативни излети
-PCR Тест за одење и враќање (за патниците кои не се вакцинирани)
-Индивидуални трошоци на патникот.

Важно

  • -Агенцијата издава ваучер за во случај:
  • -Потврдено приуство на корона вирус на еден или повеќе лица на кој се оденсува резервацијата (доказ позитивен ПЦР тест и доставен на агенцијата)
  • -Затварање на граници

Напомени:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
  • -Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • -Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • -Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
  • -За Грција од 24.01.2022 сите патници над 5 годишна возраст, при влезот во Р.Грција мораат да поседуваат потврда за негативен резултат од ПЦР-тест не постар од 72 часа или потврда за негативен резултат од тестирање со рапид-тест, не постар од 24 часа до моментот на влез во Р.Грција, покрај сертификатите за завршена вакцинација или прележана болест (потврдата за прележана болест е валидна до 90 дена).
  • -За влез во Македонија назад за лица над 18 години потребно е сертификат за вакцинација; негативен антиген (не постар од 48 часа); ПЦР тест (не постар од 72 часа); доказ за прележан ковид не постар од 45 дена.

ФАКУЛТАТИВИ

Посета на винарија

Цената на излетот ќе биде објавено дополнително

Најубавата и единствена од таков вид винарија во Грција. G. Koutsoyannopoulos Winery – Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја(во природна карпа) во дожина од 300-та метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното.

FULL DAY SANTORINI

Цената на излетот ќе биде објавено дополнително

Целодневна екскурзија на островот. Почнувајќи веднаш по појадокот ќе ги посетиме следните знаменитости: Посета на Археолошкиот град Акротири, Црвената плажа, Мегалохори, Имеровигли. Разгледот го продолжуваме кон градчето OIA (Иа) каде ќе имате можност да го видите еден од најдобрите залези на сонцето. Оваа гледка ќе ве остави без зборови.

Крстарење со брод

Цената на излетот ќе биде објавено дополнително

Kрстарење со брод до вулканскуите острвои. Посета на новиот вулкан НЕА КАМЕНИ. Посетата следува со пешачење до врвот на висина од 130 метри, пешачењето трае околу 25 до 30 минути. По патот до врвот на вулканот ќе се посетат сите кратери на НЕА КАМЕНИ каде на самиот врв ќе го видиме активниот кратер. Тоа не значи дека ќе видиме оган и лава но ќе видиме присуство на големи количества на сулфур и дим. Излетот продолжува на стариот вулкан, ПАЛИЈА КАМЕНИ, каде ќе имате можност за посета на термалните вулкански води. На ова островче нема пристаниште, бродот застанува на 30м од термалните води и постои можност за капење. токму ова место го нарекуваат “здравјето на островот” каде сите туристи Се мачкаат со калта и се капат во термални води богати со железо кои се добри за кожата… По 40 мин слободно време екскурзијата продолжува на старото пристаниште во ФИРА. можност за искачување до фира со жичара или магариња кое е исто така едно посебно чуство и искуство на овој остров. ја посетуваме исто така црквата во Фира и по тоа имаме слободно време за прошетка.

[contact-form-7 404 "Not Found"]