Положба

Хотелот се наоѓа во центарот на Ѓумбет, на околу 4 км од центарот на Бодрум и на околу 45 км од аеродромот Милас.

Сместување

Сите соби имаат клима, мал фрижидер, фен, купатило со туш, телефон, плочки на подот, САТ ТВ, балкон или тераса. Некои соби имаат мал балкон.Само собите на приземје имаат тераса. Сите соби се декорирани во традиционален турски стил со дрво, Површината собите е 16-26м².

Услуга

Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, ручек, вечера, закуски во одредено време од денот, попладне кафе и чај, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци помеѓу 11:00-23:00 часот.Со доплата се увозни пијалоци, флаширани пијалоци, À la carte ресторан, Mango бар на плажа, и сѐ останато што не е наведено во  концептот.

Содржини

Главен ресторан за шведска маса, À la carte ресторан, бар на плажа. Доктор на барање, перење алишта, сеф (во лоби), фризер, продавници се со доплата. Wi-Fi интернет е бесплатен на јавните површини на хотелот.

Плажа

Хотелска плажа (приватен дел од јавна плажа) со бесплатни лежалки и чадори.

Спорт и забава

Надворешен базен за возрасни и деца, мало игралиште за деца, пинг понг, пикадо, билијард.Забавни програми навечер и тематски вечери. Со доплата се спортови на вода, турска бања и сауна, и сѐ останато што не е наведено во  концептот.