(30.12.2022 – сабота) | Скопје – Рим

Пристигнување на Скопскиот аеродром во 19:15 часот. Полетување за Рим во 21:15 часот. Слетување во Рим во 23:00 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.

(31.12.2022 – недела) | Рим

Појадок во хотел. По појадокот следува организиран разглед на градот со локален водич (пеш и метро), разглед на Пиаца Навона, Пантеон, Фонтана ди Треви, Шпанските скали, шопинг улиците (Виа Кондоти, Виа Дел Корсо), Пиаца Пополо …Улиците преполни со луѓе,предновогодишно расположение и еуфорија за ноќта што следи. Слободно попладне за да се измешате помеѓу многубројните туристи и да уживате во прекрасниот град.Враќање назад во хотел и припрема за вечерниот дочек на Нова Година , индивидуално на плоштад во Рим…Ноќевање.

(01.01.2024 – понеделник) | Рим (разглед)

Појадок во хотел. Денешниот ден е предвиден за релаксирачко шетање низ градот пропратено со музика од многубројните концерти на отворено што постојано ги има на 1ви јануар во Рим, или можност за факултативна посета на Тиволи и фонтаните на комплексот „Вила Д’ Есте“. Во неа живеел кардиналот Хиполит II Д’Есте, кој бил домаќин на папи, кралеви и принцови, војводи и бројни познати уметници. Палатата е украсена со бројни мозаици кои претставуваат слики од секојдневниот живот.Враќање во хотел. Ноќевање

(02.01.2024 – вторник) | Рим – Ватикан – Скопје

Појадок во хотел и одјавување од собите. За денешниот ден е предвидена посета на Ватикан (превоз со метро) – Ватиканските музеи и Систинската капела. При посетата на музеите ќе имате можност да ги видите најзначајните збирки дела: збирката на антички статуи, салата со таписерии и географските мапи од 16 – ти век, салата со канделабри, како и собите кои ги насликал Рафаело. Посебно се истакнува Систинската капела со делата на Перуџина, Ботичели и други светски познати сликари. Во времето од 1508 година до 1511 година Микеланџело Буонароти го насликал таванот со теми од Стариот завет за да околу 30 – тина години подоцна како тема за просторот над олтарот го избрал Страшниот Суд.Прошетката на Ватикан завршува со посета на прекрасниот плоштад кој бил уреден од Бернини – најзначајниот уметник на италијанскиот барок. По завршување на посетата на Ватикан можност за уште едно кафе во Рим па следува трансфер до аеродром ..Полетување за Скопје во 23:35ч. , слетување во 01:20ч. наредниот ден.

ПРОМОТИВНА ЦЕНA ПО ЛИЦЕ: 599 € 

за уплати до 10.10.2023

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Директен лет на релација Скопје – Рим – Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;
  • Аеродромски такси;
  • Организирани трансфери: аеродром – хотел – аеродром;
  • Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел со 3*  – 3 ноќевања со појадок
  • Пратител на групата за време на целото патување
  • Организација на аранжманот ;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Доплата за 20 kg багаж (куфер);
  • Туристичка такса – 4 € или 6 € по лице на ден (зависно од категоризацијата на хотелот);
  • Билети за јавен превоз со метро;
  • Патничко осигурување;

Предлог факултативи:

  • Разглед на Рим со локален водич – 20 €
  • Факултативна посета на Ватикан и Систинската капела (влезница + локален водич) – 60 €
  • Факултативна посета на Тиволи и „Вила Д’ Есте“ – 60 €

Напомена:

Поради закажување на термини и купување на влезници, факултативите мора да се пријават и уплатат во агенција. Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место.

Општи напомени:

  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 25 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ