PEARL BEACH RESORT 4* е атрактивен туристички комплекс, сместен на самата обала во Чањ помеѓу Петровац и Бар. Хотелот се наоѓа на 600 метри од центарот на Чањ.

Плажа и базенски комплекс

Ресортот е лоциран на сама плажа, се простира на преку 120 000m2Природниот амбиент е нешто што Pearl Beach Resort го прави единствен на Црногорското приморје.

Хотелската плажа се простира на 600 m и е покриена со ситен песок по кој целата населба го добила името Бисерна Обала (Pearl Beach)

На самата обала, која исто така е дел Pearl Beach Resortot, се наоѓа базенскиот комплекс на површина од 2000 m2. Гостите на ресортот можат бесплатно да ги користат сите содржини, кои се прилагодени за деца и возрасни. Она што го прави посебен е локацијата, која е на сама плажа и која нуди можност да уживате во мирен и пријатен амбиент и преубав поглед на море.

Базенот за деца (50m2) за најмладите гости нуди можност за коирстење на дополнителни анимациски атракции. Може да го користат мини Aqua паркот со тобогани, кој е составен дел од комплексот.

Спортоско-рекреативни активности

За љубителите на спорт има фитнес сала која може да се користи секој ден од 08:00-19:00 часот. Освен салата, има и терени кои гостите може да ги користат бесплатно.

Ресортот располага и со сали за масажа кои се достапни за гостите со претходна резервација и со доплата.

ЦЕНИ ЗА ЛЕТО 2021 – ALL INCLUSIVE

Цените се дадени по лице по ден на услуга ALL INCLUSIVE!

Чадорите и лежалките на плажа се бесплатни, како и лежалките на 3 отворени базени и Аква паркот!

Напомени:

  • – За трет  и четврт кревет во соба/апартман, се одобрува 30% за возрасен.
  • – Деца од 0-2 години имаат бесплатна услуга
  • – Деца од 2-12 години добиваат 50% попуст доколку престојуваат со двајца возрасни
  • – За еднокреветна соба се доплаќа 70% од сумата
  • – Доколку во 1/2 соба престојуваат еден возрасен и едно дете, во тој случај детето добива 20% попуст
  • – Доколку во соба престојуваат еден возрасен и две деца, во овој случај двете деца добиваат 30%
  • – Доколку во Superior соба или Hills (1/3) четвртата личност е дете, има гратис услуга
  • – Апартманите 1/4 може да се продадат за минимум 3 возрасни лица или 2 возрасни и 2 деца
  • – Супериор и стандардните соби имаат можност за поглед кон море, доплатата изнесува 5 евра по лице од ден
  • – Доплатата за детско креветче изнесува 5 евра од ден
  • – Паркингот е бесплатен за гостите на хотелот
  • – Hills (поранешен Крушичи) не е предвиден за повозрасни лица, бидејќи нема лифт
  • – Супериор собите (24-32m2) може да бидат двокреветни, трокреветни, четирикреветни или петокреветни
  • – Стандардната соба е предвиден за максимум 3 возрасни (француски + дополнителен лежај)
  • – Апартманите во вилата може да бидат со кујна (на барање)
  • – Супериор апартманите се наоѓаат во објектот на самата обала и сите имаат поглед на море, додека Hills имаат поглед на море или се ориентирани кон море (нема доплата за sea side/view)

Во цената е вклучено:

  • – Ноќевање на услуга All Inclusive
  • – Бесплатни лежалки и чадори за сонце на плажа, покрај базените и аква паркот
  • – Бесплатен паркинг
  • – Детско игралиште и мини клуб

Во цената не е вклучено:

  • – Туристичка такса
  • – Патничко осигурување
  • – Превоз

ОПШТИ УСЛОВИ:

  • – За резервација задолжително уплата аванс 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување.
  • – Цените се дадени за наем на соба во евра, плаќањето е во денари (1 еур = 62 мкд.)
  • – Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка  и онлајн уплата на нашата веб страна
  •  – Задолжително патничко осигурување – може да се купи во агенцијата
  • – Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата
  • – Сите настанати штети за време на престојот се на товар на патникот
  • – За ова патување потребен е валиден биометриски пасош или лична карта 
  • – Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • – Со оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ
[contact-form-7 id="1325" title="Contact Form"]