Атрактивното и светски познатото летувалиште Чешме е најзападниот приморски град во Турција, поставен на самиот раб на истоимениот полуостров на обалата на Егејското Море. Заради бројните природни убавини, автентичноста и оригиналниот карактер на градот, пријатната медитеранска клима, кристално чистото топло море и преубавите песочни плажи, Чешме низ годините се развива во елитно и монденско интернационално познато летувалиште. Облата на полуостровот е долга околу 30км и на неа се сместени бројни песочни плажи. Најпознатата атракција во градот е Џеновската тврдина или замокот Чешме. Градот има богата туристичка понуда и сместувачки капацитети со различна категоризација, марина за бродови поставена во центарот на градот околу која гравитираат живописни и автентични ресторанчиња, кафулиња и сувенирници. Чешме е исто така надалеку познат по своите термални води кои извираат во околината на градот со температура до 38°C со благотворно дејство, па оттука доаѓа и називот на градот, Чешме, или во превод фонтана, токму заради неговите термални извори. Хармонија од сонце, море и плажа, откријте зошто токму Чешме е омилената и најпопуларната дестинација во Турција, како кај домашните така и кај странските туристи!  

Попуст од 15% за резервации до 15.02.2021

Програма на патување: 1. Ден СКОПЈЕ – ЧАНАККАЛЕ Состанок на групата на паркингот кај хотел ВИП спроти саем во 15.30 часот. Поаѓање за Турција во 16.00 часот. Дневно и ноќно возење, со попатни кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности, патување проследено со музика и филмови.

2.Ден ЧАНАККАЛЕ – ЧЕШМЕ Во раните утрински часови пристигнување во Ечебат и преминување на протокот Дарданели со фериброд (вклучен во цена) до Чанаккале. Патот продолжува со неколку попатни застанувања за краток одмор. Пристигнување во Чешме во попладневните часови и сместување во хотел. Инфо коктел (по 1 чашка локален пијалок алкохолен или без алкохолен), запознавање со преставникот, партнер агенцијата на Ваикики Травел. Ноќевање.

4/5/6/7/8.Ден ЧЕШМЕ Појадок. Денови предвидени за одмор и релаксација во прекрасниот град Чешме. Уживање покрај песочната плажа Теќе и тиркизното море веднаш до хотелите Керман и Пасифик. Можност за посета на факултативни излети: – Крстарење – Посета на Алачати – Посета на плажата Алтинкум – Посета на гробот на Богородица, античкиот град ЕФЕС и црквата Св. Јован – Посета на градот Измир – Турска Вечер – Ноќен клуб/ Диско

9/11. Ден ЧЕШМЕ – ШОПИНГ МОЛ ИЗМИР – СКОПЈЕ Појадок. Напуштање на хотелот. Заминување кон Македонија со попатна посета на шопинг мол во Измир. Пауза од 3 часа. По посетата на шопинг центарот, патувањето продолжува кон Скопје. Дневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје наредниот ден во пладневните часови, во зависност од задржувањата на граничните премини.

 Цена за најмалку две лица во соба

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Автобуски превоз со високо туристички автобус на наведената релација.
  • Трансфер со фериброд до и од Чанаккале.
  • Сместување во Хотел по избор на база 7 или 9 ноќевања со Појадок.
  • Едно шише 0,5 флаширана вода по патник на одење и враќање во Автобус.
  • Попатна посета на Шопинг Мол во Измир.
  • Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • – Задолжително здравствено и патничко осигурување.
  • – Крстарење
  • – Посета на Алачати
  • – Посета на плажата Алтинкум
  • – Посета на гробот на Богородица, античкиот град ЕФЕС и црквата Св. Јован
  • – Посета на градот Измир
  • – Турска Вечер
  • – Ноќен клуб/ Диско
[contact-form-7 id="1325" title="Contact Form"]