4 дена / 3 ноќевања
Програма на патувањето:

28. Април (четврток)  СКОПЈЕ – ПАРИЗ – ЛУВР
Состанок на групата на аеродромот “Александар Велики” во 06:10 часот. Полетување за Париз во 08:10 ч. Пристигнување во Париз на аеродромот “Боувез” во 11:05 часот. Трансфер и панорамски разглед на градот: Париската опера, плоштадот Вандом, црквата Мадлена, музејот Лувр, Kралската палата, центарот Бобур, плоштадот Конкорд, Градската куќа, плоштадот Бастиља, катедралата Нотр-Дам на островото Сите, универзитетот Сорбона, Пантеонот, Домот на Инвалидите, Трокадеро, Ајфеловата кула, Марсовите полиња, Триумфалната порта, Елисејските полиња… слободно време за индивидулани активности и прошетки, или полудневен факултативен излет до најголемиот и најпосетен музеј во светот – Лувр. Во музејот се чуваат едни од најпознатите уметнички дела на светот: Мона Лиза од Леонардо Да Винчи, Венера од островот Милос, Крилестата победа “Nike” од Самотраки, “Сплавот на медузата”… како и голем број на познати слики од Рембрант, Рубенс, Титијан, Пусен… (одење и враќање со метро). Вечерта, прошетка до авенијата Шанзелизе, Триумфалната порта и плоштадот Конкорд,  Ноќевање.

29. Април (петок)  ПАРИЗ – ВЕРСАЈ 
Појадок. Полудневен факултативен излет во Версај – еден од најлуксузните кралски дворци во Европа изграден во XVII век, кој е воедно и последната резиденција на француските кралеви… Дворецот бил седиште на француската монархија и центар на моќта од 1682 год. кога Луј XIV се преселил од Париз во Версај, па се додека кралското семејство не било приморано да се врати во Париз поради Француската револуција. Посета на апартманите на кралот и кралицата, салата на огледалата… како и градината со многубројните фонтани, скулптури и алеи со прекрасни фигури од зеленило.Слободно време за шопинг низ познатата улица Риволи, галеријата “Lafayette”.  Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

30. Април (сабота)  ПАРИЗ – Ајфелова Кула
Појадок. Можност за индивидуални прошетки и посети низ центарот на Париз: Катедралата Нотр Дам, Латинската четврт, Луксембуршките градини, или уметничкиот кварт Монтмартр со катедралата Сакр Кер, од каде се пружа најубавиот поглед на Париз… прошетката може да продолжи низ квартот Пигал, каде се наоѓа и познатото кабаре “Мулен Руж”. Попладнето, факултативна посета на Ајфеловата кула – симболот на Париз (изградена за светската изложба во 1889 год.). Единствената можност да се види прекрасната панорама на Париз од врвот на Ајфеловата кула, продолжува со вечерно крстарење по реката Сена. Романтично пловење со брод и прекрасни звуци на француската шансона, додека се набљудува ноќната панорама на градот. Ноќевање.

01.Мај (недела)  ПАРИЗ – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активнсоти…Трансфер до аеродромот “Бовез” во 11:55ч. Лет за Скопје во 14:55ч Пристигнување во Скопје во 17:35ч.

Цена на аранжманот: 429 € (26.598,00 мкд)



Во цената на аранжманот е вклучено:
– Авионски превоз на релација: Скопје – Париз – Скопје (со Wizz Air)
– Аеродромски такси 
– Организирани трансфери со автобус во Париз на релација: аеродром – хотел – аеродром
– Сместување во хотел ***, на база 3 ноќевања со појадок, 
– Туристичка такса за сместување 
– Организиран панорамски разглед на Париз
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Посета со влезница за Ајфелова кула
– Факултативно крстарење по Сена
– Посетата на Лувр со резервација, водич и влезница: (45€) *резервација и уплата при продажба
– Посетата на Версај, превоз, водич и влезница: (70€) *резервација и уплата при продажба
– Превоз со метро
– Патничко здравствено осигурување 
– Голема кабинска торба (55x40x23), максимум 10кг или чекиран багаж 20кг, информации во агенција.

НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници. 
– За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош со важност најмалку 3 месеци.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 15 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

[contact-form-7 404 "Not Found"]