Хотел “Pantheon” е лоциран на сама плажа во Олимпик Бич, опремените студија со директен поглед на море/плажа и новиот ентериер им нудат пријатен, релаксирачки одмор на гостите. Хотелот располага со следната структура: 1/2 – 1/3 – 1/4 студија со редовни легла. Секое студио е комплетно опремено со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер..), тоалет, големо огледало, туш, фен за тело, балкон (масичка со столчиња) со директен поглед на море/плажа, клима, ТВ – LCD, гардеробер (закачалки и сушара). На располагање е бесплатен интернет на рецепција како и на лежалките на плажа. Во склоп на хотелот се наоѓа елитен стилски дизајниран ресторан “Remezzo” со првокласни специјалитети на храна и пијалоци како и бесплатни лежалки на сама плажа со порачување на пијалок. Без оглед на ресторанот, хотелот и во вечерните часови на гостите им нуди пријатен престој.
ПОПУСТ ЗА РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
- – 10% попуст за резервации направени до 01.03.2023
- – 5% попуст за резервации направени до 01.04.2023

НАПОМЕНА
- – Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
- – Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
- – Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- – При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- – Студијата со поглед море имаат директен поглед на море/плажа, внатре од студијата и од балконот;
- – Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
- – Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
- – Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
- – Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;
- – Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
- – Автобусот ги остава/зема патниците на околу 200m од хотелот на автобуската постројка до плажата.
- – Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТЕН!!
- – Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- – За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
- – За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
- – Доплата за туристичка такса – 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);
- – Доплата за клима – 5€ од ден (на рецепција);
- – Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
- – Доплата за патничко осигурување.
ОЛИМПИК БИЧ, според термини од табелата | |||
Град на поаѓање | Mесто на поаѓање | Време на поаѓање | |
Куманово: | (бензинска Макпетрол-Автопат) | 04:15h | |
Скопје: | (паркинг пред VIP хотел) | 05:00h | |
Штип: | (паркинг пред нова пошта) | 05:00h | |
Велес: | (бензинска Макоил, мотел Македонија) | 05:45h | |
Неготино: | (бензинска Макпетрол) | 06:15h | |
Г.П. Богородица: | (бензинска, Oкта / Богородица) | 07:00h | |
Поаѓање од Олимпик Бич: | 16:00 по МК време / 17:00 по ГР време на околу 200m од хотелот. |
ВАЖАТ ОПШТИ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ
Error: Contact form not found.