ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА

САРАЕВО – ЈАЈЦЕ – БИХАЌ  ЗАГРЕБ

1 ден 29.04.2022 Поаѓање за Сараево во 18.00 ч. преку граничниот премин Табановце па низ Србија, ноќно возење со попатни паузи.

2 ден 30.04.2022 Во утринските часови пауза на Мокра Гора – каде се најдува Музејот на отворено – Дрвениот град на Емир Костурица, како и единствената туристичка – музејска железница “Шарганска Осмица”. Се продолжува за Вишеград каде ќе се види Мостот на “Дрини Чуприја” изграден од Мехмед Паша Соколовиќ, како и “Андричев град” – повторно дело на Емир Костурица. Пристигнување во Сараево, сместување во хотел. Попладнето разгледување на градот со локален водич:Врело Босне,Грбавица,народниот театар,па се оди пеш по Башчаршија,Којунџилук,Еврејскиот Храм,Величенствената Газихусербегова џамија, Инат куќа, Катедралата…Слободно време во центарот на Башчаршија.Ноќевање.

3 ден 01.05.2022 Појадок. После појадокот поаѓање за Јајце – историски град – музеј, сместен на вливот на реката Плива во Врбас. Разгледување на стариот град, тврдината, зидините од 14 – ти век, Мечкината кула и катакомбите, како и еден од најубавите водопади – Пливски водопад на реката Плива. Продолжување низ прекрасните предели на Босна, за Бихаќ – град на реката Уна, па негово разгледување: стариот дел на градот, Бихачката кула, Фетија џамија со харемот, Каменото турбе, црквата св. Антун…. Ноќевање.

4 ден 02.05.2022 Појадок. Поаѓање за националниот парк Плитвички езера, со посета на Плитвичките езера – единствениот феномен со смарагдна и тиркизна боја на водата од 20 езера, со многу слапови и водопади а од 1979 г се под заштита на УНЕСКО. Попладнето поаѓање за Македонија со попатна посета на Т.Шопинг центар во Загреб,како и разглед на центарот на градот,при што ќе се видат:Плоштадот Бан Јелачич, Катедралата,Народниот театар,Горниот град..Се продолжува за Прилеп преку Белград, ноќно возење со паузи.

5 ден 03.05.2022 Пристигнување во Македонија во утринските часови.

ЦЕНА: 7600 денари                                     

Во цената се пресметани следните услуги:

  • – превоз со туристички автобус
  • – сместување во хотел со 3* на база 1 н/п во Сараево и 1 н/п во Бихаќ
  • – разгледување на Сараево, Јајце и Бихач со локален водич,
  • – попатни посети на Мокра Гора, Вишеград и Загреб
  • – организација и придружник на патувањето

Во цената не е пресметано:

  • – патничко и здравствено осигурување
  • – влезница за Плитвички езера и за други културно историски споменици

Напомена: Рок на пријавување до 21.04.2022 година.

За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ.

[contact-form-7 404 "Not Found"]