МИЛАНО-ЏЕНОВА-КОМО-ВЕНЕЦИЈА

Италија – земја на пица и паста, земја на мода, култура и неверојатна убавина. Сплет на уметност, традиција и модерно време. Градби и знаменитости кои ќе ве остават без здив. Италија е дефинитивно една од најпосетени земји во светот. Милиони туристи на годишно ниво ја преплавуваат, а најпосетени се Рим, Милано, Фиренца, Венеција, Пиза и Верона. 

Програма

Прв ден – 08.12.2021 (среда) – СКОПЈЕ-МИЛАНО

Состанок на групата на паркингот спроти хотелот Холидеј Ин (Дрводекор) во 13:30, поаѓање за Италија во 14:00 часот. Денско и ноќно патување преку Србија, Хрватска, Словенија и Италија со кратки попатни паузи и царински формалности.

Втор ден – 09.12.2021 (четврток) МИЛАНО

Пристигнување во Милано во утринските часови. Разглед на Милано со лиценциран водич: Sforcesco Cаstle, Piаzza de Duomo-централен плоштад каде што се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот Дуомо – катедрала со фасцинантен изглед, составена од 3400 статуи. Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton….итн) кој пак не води до зградата на Миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот.По разгледот сместување во хотел. Во вечерните часови слободно време или организирано излегување во договор со групата. Ноќевање.

Трет ден – 10.12.2021 (петок) МИЛАНО-ЏЕНОВА-МИЛАНО

Појадок. Предлагаме целодневен излет до Џенова. Вечната соперничка на Венеција за превласт над Средоземното море. По пристигнувањето следи прошетка низ стариот дел на градот ( под заштита на УНЕСКО) – Palazzo Reale, Piazza de Ferrari, Porto Antico, aquarium, Torre della Lanterna. По разгледот на градот се упатуваме во посета на шопинг центар, каде ќе имате слободно индивидуално време. Враќање во Милано. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

Четврт ден – 11.12.2021 (сабота) МИЛАНО-КОМО-ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

Појадок. Одјавување од хотел и поаѓање на факултативна посета на Комо. Живописното италијанско гратче, кое се простира на брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа. Посета на Комо, посета на мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата Бролето, ѕидините кои го обиколуваат скоро целиот град. Можност за факултативно крстарење со брод по езерото и да се видат преубавите вили градени во периодот од 17-ти до 19-ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Мадона, Макартни итн. По посетата на Комо, се уплатуваме кон Лидо Ди Јесоло. Сместување во хотел. Ноќевање.

Петти ден – 12.12.2021 (недела) ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО-ВЕНЕЦИЈА-СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање на факултативна посета на Венеција. Трансфер до пристаништето “Пунта Сабиони”. Превоз со брод “вапорето” до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки. Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони и поаѓање за Скопје, преку Словенија, Хрватска, Србија.

Шести ден – 13.12.2021 (понеделник) СКОПЈЕ

Пристигнување Скопје во пладневните часови.

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 149 ЕВРА ПО ЛИЦЕ
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 129 ЕВРА ЗА УПЛАТИ ДО 01.11.2021

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • – Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
  • – 2 ноќевања со појадок во хотел 3*** во Милано
  • – 1 ноќевање со појадок во хотел 3* во Лидо Ди Јесоло
  • – Разглед на Милано 
  • – Организација на аранжманот и туристички придружник од Т.А во текот на целото патување.
  • – Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Кавадарци(црна река),Велес и Куманово.

 Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • – Факултативна посета Џенова (35€)
  • – Посета на Комо (20€)
  • – Крстарење по езерото Комо (15€)
  • – Разглед на Венеција (20€)
  • – Патничко осигурување

 СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ: 80 ЕВРА ПО ЛИЦЕ (ГИ ВЛУЧУВА СИТЕ ФАКУЛТАТИВИ)

НАПОМЕНА:

– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– Се патува со пасош, потврда за вакцинација и брз антиген тест за одење
– За деца до 11.99 години за влез во Италија не е потребен ниту тест, ниту вакцина

– За деца од 12 до 17.99 години за влез во Италија потребен е антиген тест
– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– За овој аранжман важат општите услови на патување