- NOMAD - https://nomadtravel.mk -

Венеција – Велигден

Италија – земја на пица и паста, земја на мода, култура и неверојатна убавина. Сплет на уметност, традиција и модерно време. Градби и знаменитости кои ќе ве остават без здив. Италија е дефинитивно една од нај посетените земји во светот. Милиони туристи на годишно ниво ја преплавуваат, а најпосетени сеРим, Милано, Фиренца, Венеција, Пиза и Верона

Програма

ПРВ ДЕН (02.05.2024) Четврток

Местото на собир на групата на паркингот кај хотел Русија во 16.30 часот. Поаѓање за Италија во 17.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење.

ВТОР ДЕН (03.05.2024) Петок

Пристигнување во утринските часови во Трст. Слободно време за индивидуална прошетка (околу 2 часа) низ центарот на Трст, плоштадот Piazza Unità d’Italia, античкиот театар, катедралата на Сан Густо, паркот направен во чест на паднатите борци, српската црква св. Спиридон… Во договореното време, поаѓање кон Лидо ди Јесоло, со попатна посета на познатиот шопинг центар Noventa di Piave Designer Outlet (околу 2 часа), кој е познат по ниските цени за сите познати дизајнерски брендови. Продолжување кон Лидо ди Јесоло и сместување во хотел. Слободно време за ноќна прошетка низ Лидо ди Јесоло. Ноќевање.


ТРЕТ ДЕН (04.05.2024) Сабота

По појадокот во хотел групата се упатува на целодневна факултативна екскурзија во Милано… Замокот Sforzesco, Arco de la Pace, паркот Sempione, населбата Brera, познатата опера Scala di Milano, галеријата Vittorio Emanuele II, и се разбира познатата миланска катедрала, Il Duomo di Milano. По разгледот на градот со локалниот водич, слободно време за индивидуална прошетка низ градот на модата, можност да пробате некој од локалните специјалитети, како што се миланското рижото, познатото џелато, панцерота, тестенини или пица во големиот број ресторани сместени во преубавиот центар на градот. Во попладневните часови поаѓање назад кон Лидо ди Јесоло. Ноќевање.


ЧЕТВРТИ ДЕН (05.05.2024) Недела

По појадок во хотелот, одјавување и поаѓање кон Пунта Сабиони, пристаништето каде со брод се упатуваме кон безвременскиот град на вода, Венеција. Плоштадот Сан Марко, Дуждевата палата, каналот Гранде, мостот Риалто…. Слободно време за индивидуална прошетка. Во договорено време, од пристаништето во Венеција, се упатуваме кон Пунта Сабиони. Поаѓање кон Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска, Србија со попатни паузи за одмор и обавување царински формалности. Пристигнување во Македонија на 06.05 околу 13 часот


ПРОМО ЦЕНА: 119 ЕВРА / 7378 ден.

Што е вклучено во цената

Што не е вклучено во цената

Патничко осигурување

Туристичка такса за влез во Венеција – 5 евра по лице (се плаќа во агенција)

Задолжителна посета на Венеција со брод и локален водич – 25е

Факултативна посета на Милано со локален водич – 55е

Туристичка такса (околу 5 евра се плаќа на рецепција во хотелот)

Индивидуални трошоци (влезници за музеите)

Важно

Факултативни излети:

Милано Цена за пакет: 55е

Милано, главниот град на регионот Ломбардија, градот на модата, финансискиот центар на северниот дел на Италија. Градот во кој се спојуваат минатото и сегашноста, градот кој ги има фасцинирано најголемите уметници низ историјата. Замокот Sforzesco, домот на фамилијата Sforza, едно од најмоќните фамилии низ историјата кои владееле со регионот Ломбардија. Во овој замок, Leonardo da Vinci ги поминал последните години од неговиот живот, каде што остварил неколку преубави уметнички дела, а едно од најпознатите е Последната Вечера. Arco de la Pace, паркот Sempione, населбата Brera, познатата опера Scala di Milano, галеријата Vittorio Emanuele II, и се разбира познатата миланска катедрала, Il Duomo di Milano се уште неколку познати места кои ќе ги посетиме и ќе уживаме во нивната убавина.

Венеција (задолжителна факултатива) – Цена за пакет: 25е

Венеција, кралицата на Јадранското море, единствениот град на вода. Центар на República de Venecia, низ историјата една од најмоќните републики на брегот на Јадранското море. Градот кој е инспирација на многу уметници, писатели, градот кој ја поттикнува љубовта. Плоштадот Сан Марко, каналите на градот кои можете да ги пловите со Гондола, мостот Риалто со каналот Гранде, мостот на Воздишките, големиот број на плоштади, ресторани кафулиња ќе ве освојат со невната убавина и ќе ве натераат повторно и повторно да се враќате…