- NOMAD - https://nomadtravel.mk -

Санторини – Велигден

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО :

1.ДЕН (01.05.’24 – среда) : БИТОЛА Состанок на групата на Градската Автобуска станица во 17.00 часот. Поаѓање за Грција во 17.30 часот. Патот води преку г.п. Меџитлија, Лерин, Птолемаида, Вериа, Катерини, Ламиа…ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.

2.ДЕН (02.05.’24 – четврток) : ПИРЕА – САНТОРИНИ Пристигнување во Пиреа во раните утрински часови. Слободно време за краток одмор. Во 06.30 часот – трансфер на траект и поаѓање за Санторини во 07.25 часот. Планирано пристигање на Санторини околу 15.30 часот. Сместување во хотел. Слободно време за одмор или уживање на плажата во Камари/Периса…Во вечерните часови – прошетка низ ФИРА главниот град на Санторини, местото на светлината и шармот на островот, каде ќе имаме можност за ноќно фотографирање. Во полноќните часови со нашиот автобус, враќање во хотел. Ноќевање.

3.ДЕН (03.05.’24 – Петок) : САНТОРИНИ Појадок. По појадокот, околу 09.30 часот заминување на факултативна целодневна екскурзија и разглед на островот…археолошкиот град Акротири, последните остатоци од Миноанската цивилизација, место кое многумина го споредуваат со Помпеа, затрупано со вулканска лава. Можност за посета на музејот, каде можете да ги погледнете прекрасно сочуваните куќи, скали, улици кои го краселе тоа место тогаш (влезница за локалитетот се плаќа дополнитено по цена која е на каса)…посета на „црвената“ плажа, Манастирот Св.Пророк Илија (Prophitis Ilias) кој се наога на највисоката точка на островот, од каде се пружа прекрасен поглед на целиот остров (можност за фотографирање), посета на Фира и Имеровигли – Калдера. Во попладневните часови посета на најмонденското селце OIA…можеби сте слушнале, можеби сте гледале на слики, сега е време да ја почувствувате магичноста на едно од најпознатите светски залези на сонцето кое се случува токму на тоа место…питорескната и монденска OIA, изградена на северниот дел од Калдера од каде се гледа остатокот на островот и Егејското море била испирација за многу поети, сликари и писатели…авантурата продолжува кон ПИРГОС каде на ВЕЛИКИ ПЕТОК се поклонуваат сите христијански верници проследено со специфичен традиционален ритуал кој го приредуваат мештаните. Целото село е осветлено со илјадници запалени свеќички од смола, кој и најсилниот ветер на овој ден не може да ги изгасне. По завршувањето на ритуалот можност за посета на црквата, разглед на ПИРГОС кој така осветлен ќе не остави без здив од преубавата глетка, слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.

4.ДЕН (04.05.’24 – Сабота) : САНТОРИНИ Појадок. По појадокот – слободно време или факултативно крстарење…посета на Неа Камени (новонастанатиот вулкан ПЕС – обавезна доплата од 3,5 € за искачување до врвот на истиот на лице место) – можност за фотографирање покрај активниот кратер…продолжуваме кон островот Тирасија, можност за кафе-пауза или ручек во таверните кои се поставени на самото море…крстарењето продолжува кон Палиа Камени (стариот вулкан), каде ќе имате можност за капење во термалните води…пловидбата продолжува долж сртот на островот, од каде се гледаат градовите Иа и Фира…враќање во хотел. Во доцните вечерни часови (Велика Сабота) подготовка за традиционална посета на некоја од православните цркви по наш избор каде се чествува ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ, по црковните ритуали – враќање во хотел. Ноќевање.

5.ДЕН (05.05.’24 – Недела) : САНТОРИНИ Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, прошетки или капење во кристално чистото Средоземно море…можност за организација на Велигденски ручек во некоја од многубројните таверни во Камари или Периса. Ноќевање.

6.ДЕН (06.05.’24 – понеделник) : САНТОРИНИ – ПИРЕА – БИТОЛА Појадок. По појадокот – одјавување и заминување од хотелот околу 11.00 часот. Факултативна посета на на најубавата и една од таков вид винарија во Грција – Koutsoyannopoulos Winery – Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја (во природна карпа) во должина од 300 метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите 14 генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес. По посетата на винаријата – слободно време во Фира се до 14 часот, кога имаме трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на фери. Денско и ноќно пловење према Пиреа. Пристигнување на пристаниште во Пиреа околу 23:30 часот. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Битола во раните утрински часови – наредниот ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 19.780,00 денари (319 €)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :

ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА :

ДОПЛАТИ :

НАПОМЕНА :

Со оваа програма важат Општите услови на СКТМ