- NOMAD - https://nomadtravel.mk -

Maria`s House – Никити

Вилата „Maria`s house“ се наоѓа во централниот дел на Никити, на само 20 метри од плажата.Располагаме со трокреветен и петкреветен апартман на прв спрат кои имаат поглед на улица и страничен поглед од тераситекон морето. Сместувачките капацитети се опремени со модерен мебел, мини кујни, телевизории клима уреди чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи. Терасите се заштитени со тенди. Сместувачките капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Koрдинати: 40.217358, 23.665887

-7 %за 100% уплата до 25.02.2024
Вила “Maria House” – Никити
Смена:Ноќевања:1/2+2 апартман 1/5 апартман
20.05-30.05.202410350 500 
30.05-09.06.202410450600 
09.06-19.06.202410600800 
19.06-29.06.202410700 900 
29.06-09.07-202410750 950 
09.07-19.07.202410800 990 
19.07-29.07.202410800 990 
29.07-08.08.202410800 990 
08.08-18.08.202410800990 
18.08-28.08.202410800 990 
28.08-07.09.202410750 950 
07.09-17.09.202410700 900 
17.09-27.09.202410500 700 
27.09-01.10.20244160200 

Апартман бр.1

Трокреветен апартман на прв спрат од вилата. Во првата просторија има голема трепезариска маса и тука се сместени елементите од кујната (електричен шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со комора, основни садови за готвење и јадење). Од оваа просторија се продолжува во друга која не е одделена со врата. Тука има еден кревет на расклопување на кој можат да спијат две деца до 10 години или едно возрасно лице, мебел, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Од оваа просторија се излегува на терасата која е долга и тесна, заштитена е со тенда и има страничен поглед на море и директен поглед на улица. Од оваа просторија се влегува во спална соба која е издвоена со врата. Опремена е со еден дупли кревет и има прозор. Купатилото е со нормална големина.

Апартман бр.2

Петкреветен апартман на прв спрат од вилата. Првата просторија е голема. Во неа има еден единечен кревет, а од истата просторија се влегува во издвоен дел каде има голема трепезариска маса и тука се сместени елементите од кујната (мини електричен шпорет со рерна, голем фрижидер со комора, основни садови за готвење и јадење). Просторијата има прозор. Од првата просторија се влегува до две посебни спални соби издвоени со врати. Тука има по еден дупли кревет, мебел, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Терасата е долга и тесна, заштитена е со тенда и има страничен поглед на море и директен поглед на улица. Купатилото е со нормална големина.

НАПОМЕНИ: