01.10.2022 Поаѓање од Прилеп во 22.00 ч  со автобус преку г. п. Табановце 02.10.2022 пристигнување во манастирот Тумане во утринските часови. Манастир Тумане е православен манастир на Српската православна црква.Се наоѓа во Голубачката долина на само 12км од Голубац.Тумане е задужбина на Српскиот витез Милош Обилич, а за името на манастирот постои легенда дека Милош Обилич (прославениот косовски јунак), во Косовската битка го убива Турскиот султан Мурат 1-ви.Милош е роден во околното село Кобиље,а имал и свој дворец во околното село Двориште.Еден ден ловејќи во блиската шума го ранил монахот Зоксим Синајит,кој престојувал во блиската пештера.Кога го однесле на лечење,монахот изговорил Ту мани,односно нема лек, оставиме тука да умрам.Како знак на покајание изградил манастир во кој биле положени моштите на Зоксим.Време на изградба е 1572/3година.Манастирската црква е посветена на свети архангел Гаврил.Манастирскиот комплекс се состои од мал и голем конак,испосница над која се наоѓа капелата на Зосим Синајит.До 2014г. бил женски, а сега е машки манастир. Манастирот Тумане е еден од најпосетените манастири на балканот.По посетата на Манастирот се заминува за Голубац, каде ќе се посети Голубачката тврдина– влез од 5еур се плаќа во агенција.Изградена во 14-ти век, на влезот на Ѓердапската клисура,во националниот парк Ѓердап.Тврдината е со 10 кули и две големи порти. Потоа се оди до Велико Градиште и Сребрно Језеро.Сребрно езеро е вештачко езеро, но популарна туристичка дестинација.Тоа  го нарекуваат “Српско море“ затоа што е долго 14 км, широко 300м.Туристичкиот комплекс се состои од Викенд населба, аква парк, туристички брод,ресторани,кафичи, тениски терени…Слободно време за прошетка околу езерото и време за ручек. Попладнето околу 17.00 часот  заминување за Македонија и  пристигнување во Прилеп во доцните вечерни т.е.ноќни часови.            

ЦЕНА: 1950 денари

Во цената се пресметани следните услуги:

  • – Автобуски превоз на дадената релација
  • – Организација и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:

  • Патничко здравствено осигурување
  • Доплата од 5 еур за влез во Голубачка тврдина (потребна е резервација за влез)
  • Патувањето е со лична карта или пасош.                                                                                                          
  • Екскурзиите ги изведуваме со туристички автобуси опремени со тв.двд,клима.
[contact-form-7 404 "Not Found"]