(22.04.2022 – петок) | Скопје/Софија – Мадрид

Состанок на групата во договорено време (после полноќ) во Скопје. Се патува со организиран превоз до аеродромот во Софија. Полетување за Мадрид во 07:55 ч, пристигнување во Мадрид во 10 : 50 ч. Следува организиран трансфер и панорамски разглед на градот: Шпански плоштад, Гран Виа, Пуерта дел Сол, Плаза Мајор (главен плоштад), Кралската Палата – Фасадата на палатата е уникатна, импрегнирана со различни архитектонски стилови, од барок во ориентален стил. Внатрешноста е украсена со делата на големите креатори: Караваџо, Веласкез и Гоја. Во палатата има збирка виолини Страдивариус и античко оружје. Во замокот има соба од порцелан, каде што целата внатрешност е направена од порцелан.Во кралската палата се наоѓа и познатата соба на огледала. Отворена е за посетители, само повремено има официјални церемонии…Понатаму може да се види Пуерта де Толедо, светски познатиот парк Ретиро, плоштадот Сибелес, Саламанка, стадионот Сантијаго Бернабе… Сместување во хотел.Слободно време. Ноќевање.Ден(а)
(23.04.2022 – сабота) | Толедо

Појадок. Слободно време за индивидуални активности или факултативна екскурзија до Толедо, средновековната престолнина на Шпанија, на 70 километри од Мадрид. Според легендата таа била основана од еврејски колонисти 540 години п.н.е кој му го дале своето име. Турбулентната и интересна историја, нациите што го освоиле (Римјаните, Визиготите, Маварите..) оставиле белег во севкупниот развој на градот. Тука се изградени некои од поважните цркви, синагоги и џамии. Главен град останал до 1561, кога славата и карактерот биле превземени од Мадрид. Толедо е исто така познат како град во кој живеел и создавал познатиот сликар, скулптор, архитект и писател Ел Греко (потекло од Крит) кон крајот на 16-ти и почетокот на 17-ти век …Враќање во Мадрид. Ноќевање.Ден(а)
(24.04.2022 – недела) | Сеговиа

Појадок. Слободно време за индивидуални активности или факултативна екскурзија до Сеговиа. Сеговиа е историски град северозападно од Мадрид, во централна Шпанија, во регионот Кастилја и Леон. Вековното населување резултирало со богато архитектонско наследство, романски цркви, поранешна кралска палата,готска катедрала, познатиот замок Алказар заштитен од UNESCO… Најпознатa градба е античко римскиот аквадукт кој има повеќе од 160 сводови, повеќето од оригинален гранит, без малтер и се наоѓа над Plaza Azoguejo во срцето на градот. …Враќање во Мадрид. Ноќевање.Ден(а)
4 ден: (25.04.2022 ) | Мадрид – Софија/Скопје

Појадок во хотел и одјавување. Tрансфер до аеродром.Полетување за Софија во 11:25, слетување во 15:55 ч.Организиран трансфер до Скопје.

ПРОМОТИВНА ЦЕНA: 469 € (29.078 мкд.)

Ограничен број на места !

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Трансфер Скопје – Софија – Скопје
  • Лет на релација Софија – Мадрид – Софија;
  • Аеродромски такси
  • Организирани трансфери: аеродром – хотел – аеродром;
  • Мала кабинска торба од (40 x 30 x 20 cm);
  • Сместување во хотел HOTEL STERLING  3*(или сличен на наведениот) – 3 ноќевања со појадок;
  • Панорамски разглед на Мадрид со локален водич;
  • Организација на аранжманот и асистенција од партнер агенцијата во Мадрид.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Доплата за 20 kg багаж (куфер);
  • Доплата за еднокреветна соба;
  • Билети за јавен превоз со метро;
  • Влезници во локалитети;
  • Патничко осигурување;

ФАКУЛТАТИВИ :

  • Посета на Толедо (автобуски превоз + локален водич+ влезници за катедралата и Св.Тома – сликарство на Ел Греко) – 70 €
  • Посета на Сеговија (автобуски превоз + локален водич+ влезници за Алказар) – 70 €
  • Факултативна посета на Фламенко, со пијалок – €
  • Туристичка такса ;

Општи напомени:

  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупнот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.

Пријавување за факултативи при резервација (минимален број на патници за реализација – 16)

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ

[contact-form-7 404 "Not Found"]